Колку е само смешна ситуацијата кога листаш билтен или ако не си прогнозер случајно налетуваш на резултати од одиграно коло во израелска лига. Макаби и Хапоел им се викаат буквално сите клубови. А ништо поарни не се ниту Романците кои од времето се вљубени во гигантите од Букурешт па своите клубови ги нарекувале по нив.
Иако Стеауа, Динамо и Рапид минуваат можеби низ најтешкиот период од своето постоење, имаат недостиг од финансии а некои од нив и проблеми со идентитетот, нивната популарност не престанала да расте во Романија.
Стеауа, некогашниот европски шампион и славен клуб веќе неколку години има сериозни проблеми. Беа во спор со неколку институции кои го присвојуваа нивното име, па отидоа под стечај и после Стеауа и ЦСА сега клубот се вика FCSB, скратеница од ФК Стеауа Букурешт.
Слично ги снајде и Динамо Букурешт кој едно време беше ФК Динамо Букурешт а по извесно време стана КС Динамо Букурешт. Додуше навивачите на Динамо не се поделени по тоа прашање како што жустро се поделени приврзаниците на Стеауа. Едни се за старото име (воглавном највернит) а другата фракција ја прифаќа реалноста со новиот назив. Рапид исто менуваше имиња низ историјата па така стануваше Академија Рапид, АФЦ Рапид и КФР Мишкаре.
Еве во романските дивизии колку клубови се викаат Стеауа. За вакво име се решиле екипи од Аргеш, Букурешт, Бузау, Констанца, Муреш, Прахова и многу други места. Вкупно 14 клуба:
10 екипи низ Романија го носат името Динамо во чест на славниот тим од Букурешт:
Дури 21 клуб егзистира во Романија под името Рапид: