Фудбалерот со најбурно минато

Приказната за фудбалскиот пат на Адриан Муту

Најталентираниот фудбалер во историјата на Романија е човек за кој би можело да се сними филм кој рутински би ги собрал сите фестивалски награди. Неговиот подем и пад е долг колку патот од пеколот до рајот и назад преку чистилиштето.

Една ноќ пред натпревар со Палермо него го разбудил цимерот. „Ади, стани, имав кошмар. -Што е? ’Ми се сони дека Роналдо е подобар од мене’ -Идиоту три саат е сред ноќ, мани ме, ’Не, кажи само кој е подобар - јас или Роналдо?’ -Смири се, ти си најдобар, ајде легнувај доцна е“, му одговорил Муту на Златан Ибрахимовиќ.

Најдобрите другари и цимери во Јувентус

Неговите родители биле голмани. Спиридон бранел во Темишвар во третата романска лига, а Родика бранела за женската екипа Кармен и била позната гимнастичарка. Спиридон работел во автозаводот Dacia, а Родика во Технолошки инситут.

Кога Спиридон првпат го изнел син му на терен му рекол: „Да даваш голови е поинтересно отколку да примаш“.

Во 1988-ма Адриан дошол на проба во фудбалската школа „Арѓеш“ но тренерот Михај Јановски не видел во него напаѓач и го ставил лев бек. „Само да не бранам, се друго ќе играм“, му рекол Муту на тренерот Јановски кој раскажуваше за сајтот Firenze Viola.

Еден ден во шест после пладне Адриан избегал со двајца другари од школо и отишол на вечерниот тренинг (првиот бил утрински). Играле цела вечер до полноќ, а тренерот не можел да ги избрка надвор.

„Ади, што да направам да престанете да ме малтретирата вака секоја вечер“? -Ставете ме во нападот. ’Ти не можеш цел живот да бараш да играш кај што тебе ти е удобно. Покажи дека си подобар од Илија и ќе играш шпиц место него“ (Илија бил другар на Муту и најдобар центарфор во „Арѓеш“).

Јановски набрзо попуштил но го ставил 13-годишниот Адриан на левото крило, а овој му вратил со 40 гола сезоната и во 1995 година му помогнал на „Арѓеш“ да се врати во јуниорскиот шампионат на Романија.

СО НАМЕРА ПОЈДОВ ВО ГОЛЕМИОТ ГРАД

Со директорот на Динамо Букурешт Кристи Борча (99-та година)

После три години „Арѓеш“ го продал најдобриот стрелец во романската лига Константин Барбу во корејскиот Сувон Самсунг, а на негово место во првиот тим дошол Муту кој за полусезона дал 10 гола од кои 3 во Купот на УЕФА. Така го натерал Динамо Букурешт за него да плати сума од 600.000 евра.

Платата на Адријан за две години од 200 евра се искачила на 60.000 евра, а Муту им се оддолжил на „Црвените кучиња“ со 26 голови на 33 меча поради што Мирчеа Луческу му го препорачувал на Масимо Морати со кој се дружел и по напуштањето на клупата на Интер.

Платата на Адриан Муту пораснала од 200 евра до 60.000 евра за само неколку месеци. Не поминала ни цела година кога талентираниот напаѓач на Динамо му подарил 26 гола што било причина Мирчеа Луческу да му го препорача Муту на Масимо Морати со кој соработувал и по напуштањето на клупата на Интер.

Од една страна Интер тогаш го имаше најјакиот напад на светот - Роналдо, Виери, Баџо, Заморано, а од друга - првите двајца беа повредени, Баџо се скара со тренерот Липи, а Заморано веќе го достигнал врвот така што фалел уште еден шпиц.

ЖИВОТОТ ВО ЛУКСУЗНИОТ МИЛАНО

Адриан и неговиот менаџер Џовани Бекали слетале во Милано во 9 вечер на 24 ноември 1999 година. Тогаш му истекнал договорот со Динамо и можел слободно да потпише договор за 2 милиони долари. Утредента неговиот договор чинел три пати повеќе.

На 6. јануари Липи му дал на младиот Романец 8 минути од домашниот меч со Перуџа затоа што на негово место играше еден друг новајлија, Кларенс Сидорф. Но премиерата на Адриан се случи една недела подоцна, на 12. јануари 2000-та. И тоа каква премиера - четвртфинале на Копа Италија против Милан.

Виери тогаш даде гол после пас на Рекоба од половина терен, го отвори резултатот но Шевченко измрамни. Во вториот дел Липи го стави Муту на крило наместо Мориеро. После само осум минути, Рекоба центрира од корнер а Муту со глава му донесе на Интер ново водство.

Малиот Муту самоуверено зборувал италијански јазик, такашто на својот прв меч не само што дал гол туку и се помајтапил со Малдини на кои му го пеел рефренот од песната на Тото Кутуњо (’Лашатеми кантере’) која ја научил како мал од татко му.

„А зошто би требало да се плашам од него“, изјавил Адриан во микс-зоната на Сан Сиро. На следните два меча Муту добил два жолти картони а после еден месец на клупата ретко влегувал во второ полувреме во игра. Кога еуфоријата од голот со Милан се смирила, Муту сфатил дека брзо полетал високо.

„За мене како 20-годишен, Интер е многу голем залак“, рекол за Sky Sports. Свесноста дека малку игра го правела немирен, а на еден тренинг Липи му пришол и му рекол: „Мали, уште си млад, не брзај, ќе дојде и твоето време“. 

ПОДОБРО ПРВ ВО СЕЛО, ОТКОЛКУ ПОСЛЕДЕН ВО ГРАД

Липи сакал да го задржи Муту и во следната сезона, но после ЕВРО 2000 и свадбата со глумицата Александра Дину (сведок им бил Георге Хаџи со сопругата), Адриан тргнал на пат во Верона каде спортскиот директор Рино Фоски му ветил стандардно место.

Непосредно пред една добротворна акција каде Масимо Морати купил слика со ликот на Муту за шест милиони лири, Романецот го играл третиот меч за Верона против шампионот Лацио со Симеоне, Недвед, Креспо и Верон.

Во првиот дел Муту опасно стартувал над Неста и добил жолт картон а во еден напад во второто полувреме ги избегнал стартовите на Него, Михајловиќ и Нета и после неговиот шут Фавали си дал автогол. После 25 минути Муту и самиот дал гол за голема победа и шесто место на табелата.

Но пред Божиќ, Веронезите паднале во зоната за испаѓање а Муту отпатувал во Романија да биде со своите рдоители по серијата одлични настапи. Инспирацијата за голови му се вратила следната сезона, кога Муту ја оправдал довербата на тренерот Малезани со 12 голови. До крајот на февруари Верона се искачила на седмо место а составот го краселе тројца идни Светски шампиони - Масимо Одо, Мауро Каморанези и Алберто Џилардино.

Откако изгуби тројца првотимци поради повреди, Верона изгуби три меча по ред и го одложи сонот за Евро-куповите за следната година. Но ѓаволот ја однел шегата и Веронезите после поразите од Лацио и Милан, од најголемо откритие на сезоната сега била пред испаѓање.

На мечот од последното коло во Пјаченца допатувале 7.000 тифози на Верона кои виделе како нивниот гол прима 3 гола а тренерот Малезани целиот во солзи. По кошмарното испаѓање на клубот му се заканувал банкрот.

ПРВИТЕ СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И РАЗВОДОТ

Претседателот на Верона Пасторело речиси двојно ја намалил платата на тренерите и играчите и во Парма ги продал Муту и Џилардино.

Првиот гол за Парма каде играше со Адриано, Себастијан Фреј и Џилардино, Муту го даде во Купот на УЕФА против ЦСКА Москва. Романецот и Бразилецот заедно постигнаа неверојатни 31 гол, а Муту стана вториот најдобар стрелец во Серија А 2002/2003 после Бобо Виери.

Сјајните игри на „Енио Тардини“ Муту дебело ги наплати и премина во Челси за тогаш големи 24 милиони евра. Но од тој момент почнаа проблемите во неговиот лагоден живот. Муту иако и помогнал на жена му да се вработи во телевизиски канал во Парма, таа за неколку месеци побарала развод и тоа во време кога чекале дете.

Причина за тоа биле неговите „излети“ со италијанските водителки и манекенки, а ситуацијата кулминирала откако романскиот жолт печат го открил Муту во акција пред мечот со репрезентацијата во Луксембург. Адриан и Александра според договор делеле: луксузна вила, автомобил и јахта во вредност од 400.000 евра. Муту тогаш ја обвини својата жена за афера со Алберто Томба, а таа него за домашно насилство.

РАСКАЛАШЕН ПРОВОД ВО ЛОНДОН И АРЧЕЊЕ ПАРИ НА КОКАИН

Романскиот репрезентативец имаше неверојатен старт во Англија со четири гола на првите три меча и брзо ги освоил пребирливите навивачи на Челси.

Во февруари следната година поради повреда пропуштил три месеци поради што често се враќал во Букурешт - а таму: го бркала сообраќајна полиција, а порно-актерката Лаура Андрешан видеото со Муту го споделила во јавноста.

„Мене постојано ме викаа на вечери и ме третираа како крал. Патев поради одвоеност од син ми и сакав да ја истерам депресијата па одговарав на сите повици. Бев наивен како пиле“, се сеќава Муту на најголемите грешки во животот за Tuttosport.

Во првиот меч со новиот тренер Жозе Мурињо, Муту асистираше за голот на Тиаго Мендеш, но после неколку недели падна на допинг тест кој покажал дека во организмот има траги од кокаин. Челси веднаш го раскина договорот со него и го казни 28.000 фунти, а УЕФА на седум месеци го суспендираше од фудбалот. 

Скршен од депресија, најголемиот романски талент во XXI век, се вратил во Романија и тренирал со Динамо Букурешт. Наместо Чех, Лампард, Тери и Дрогба партнери на тренинг му станале Гаев, Габриел Тамаш и Флорентин Петре.

„Адриан ми призна дека користел кокаин на ноќните забави. Сакаше да биде ѕвезда како Бекам, но прифати сосема негативни аспекти. Кога едно лето Мурињо ми се јави како тренер на Челси ми се пожали на Муту. Ми кажа дека пиел, дека пушел цигари и водел нездрав живот. Мурињо искрено сакаше да му помогне и му зборуваше: ’Ти си талент, има светла иднина во тебе, но ти не разбираш. Треба да учиш од Попеску’, се сеќава тогашниот менаџер на Муту, Џовани Бекали.

Попеску бил капитен на Барселона кога Мурињо таму му помагал на Боби Робсон. 

По истекот на суспензијата, Муту се врати во Челси, но пропуштил неколку тренинзи поради што Мурињо барал тој јавно да се извини за непочитувањето а овој одбил и влегол во отворена војна со Португалецот и со Роман Абрамович. Брзо се скарал и со менаџерот кој го раскинал договорот со него.

Во Лондон Адриан се запознал со Консуело Матос, ќерка на министерот за финансии на Доминиканска Република и во летото 2005-та таа стана неговата втора жена. Брз клуб најде многу брзо.

ТРАНСФЕР ВО ЈУВЕНТУС И МАКА СО КАЛЧОПОЛИ И ЛУЧАНО МОЏИ

„Синоќа Муту потпиша со мене менаџерски договор. Брзо ќе може да потпише со Јувентус“, му кажал Алесандро Моџи на татко му Лучано кој беше алфа и омега на „Деле Алпи“.

На Јувентус тогаш му требаше играч со пасош од земја членка на ЕУ затоа што го пополниле лимитот за странци (Тудор, Залаета, Апија) и не можеле да носат легионери од странство. Муту најпрво потпиша со Ливорно (Моџи се дружел со нивниот претседател Алдо Спинели), па оттаму во Јувентус. Во Торино се здружил со Златан Ибрахимовиќ. За неколку месеци Ибра и Муту го сочинуваа тандемот од соништата.

ПРЕПОРОД И РЕНЕСАНСА ВО ФИРЕНЦА И СПОРОТ СО ЧЕЛСИ

Во единствената торинска сезона, Муту заби 11 голови и тоа како полушпиц. За време на корупцискиот скандал и Калчополи со Лучано Моџи, Адриан бил во Мајами со семејството. Му се јавил еден од менаџерите на Јуве, Алесио Секо:

„Никој не сака да те острани од тимот, но ни стигна понуда за тебе од Фиорентина“. Во Фиренца тренер беше Чезаре Прандели кои четири години претходно ја виде најдобрата сезона на Муту во Парма. Адриан просто не можел да го одбие неговиот фудбалски татко.

Набрзо со „Виолетовите“ играше во Лигата на шампионите и сочинуваше страшен тандем со Лука Тони. Весникот Guerin Sportivo го прогласи за играч на сезоната во Италија. Во следната сезона Романецот постигна 17 гола и имаше 9 асистенции, подобар учинок од Пацини и Виери. 

После Евро-2008, Алесандро Моџи преговарал за трансфер на својот клиент во Рома која била спремна да му плаќа 3 милиони евра годишно. Спортскиот директор на Фиорентина Панталео Корвино имал идеја да заработи на 29-годишниот Муту.

Кога дознал за тоа, Адриан му се обратил на Прандели во базата Сан Пјеро а Севе: „Сакаат да ме продадат. Сторете нешто да не биде така“.

Прандели направил скандал и Муту останал, но набрзо следувал нов, можеби најтежок удар во кариерата. Палатата за спорови на ФИФА донела пресуда во корист на Челси и го обврзала Муту да им плати отшета од цели 17 милиони евра!

Тосканскиот новинар Матео Морандини се сеќава на разговорите со Муту есента 2008-ма во еден бар во Фиренца.

„Разговаравме што ќе биде со казната, па дури и размислувавме да направиме акција каде секој навивач на „Артемио Франки“ би помогнал со некоја сума. Но тоа се околу 400.000 евра вкупно, така што Муту требаше да земе кредит на 30 години но ќе ја заврши кариерата уште пред да го исплати“.

Дури и во таков стресен период во кој пропушти полусезона поради повреда на коленото, Муту постигна 15 гола од кои спектакуларен беше хет-трикот против Џенова кога Фиорентина од 3:0 се врати на 3:3.

„Надвор од теренот не можам да се опуштам. Мислам на казната и ни секунда немам мир и спокој. Можам да заборавам на проблемите само на теренот. Таму се празнам“, изјави Муту тогаш во интервју за La Nazione.

Дуелот против Палермо на 30 август бил последен меч во неговата кариера. Во очај Муту зборувал со менаџерот Џовани Бекали со кого не зборувале пет години, му се извинил и го замолил за помош. Братот на Џовани, фамозниот Џиџи Бекали (пратеник во Европарламентот) можел да покрене постапка за ново испитување на случајот Муту овојпат во Врховниот суд на Швајцарија којшто прво донел одлука за привремено вето на казната на Муту а потоа го ослободил од вината.

После 18 месеци без фудбал, Муту за една недела даде два гола: во Купот против Киево и против Лацио, но на еден допинг-тест му нашле субитрамин, препарат за сузбивање на чувството на глад. Нова дисквалификација - девет месеци!

До крајот на таа недела, Муту му го скршил носот на 28-годишен келнер од Косово Берат Рачи кој не верувал дека сопственикот на ноќниот клуб му ветил на Муту бесплатно пиење и му барал пари. 

Во едно од првите враќања после последната суспензија, Муту постигна убав гол против Каљари и му го посвети на тренерот на Фиорентина Михајловиќ, но после неколку недели отсуствувал од тренинзи затоа што Фиорентина не му дозволила да потпише со Чезена.

Во летото 2011 Ади бил отстранет и од репрезентацијата на Романија затоа што се степал со бекот Тамаш пред мечот со Сан Марино. На крајот стигнал до Чезена каде партнери во нападот му биле Едер и Кандрева, а на дуелот против Фиорентина навивачите го навредувале затоа што го удрил бекот Пасквал и со црвениот картон добил и суспензија од 3-меча.

Откако поминале два месеци, Муту го дал 100-от јубилеен гол во Серија А, но набрзо Чезена испаднала во Серија Б и Муту тргнал на пат во Ајачио на кого му подарил 11 голови. Неговиот бурен живот не престанал и Муту се појави и во спот за песна на Снуп Дог, а потоа отпатувал на преговори со индискиот клуб Пунои, но не добил виза затоа што бил под дејство на алкохол во конзулатот.

Муту така ја се врати во родниот клуб и таму ја заврши кариерата после 522 меча за 12 клубови. Минатата есен стана генерален директор на Динамо Букурешт, а не за долго го поканил Златан Ибрахимовиќ на гости - во лов на неговиот ранч кој се наоѓал на 25 километри од градот Регина во Трансилванија.

Кога Муту му даде гол на Милан на „Сан Сир“, Ибрахимовиќ се возел со клупскиот автобус на Малме во шведската втора лига. Четири години подоцна живееле заедно како цимери и даваа голови за најдобриот клуб во Италија.

Во првата сезона по заминувањето од Јуве, Муту даде еден гол повеќе од Златан иако не играше во самиот шпиц. А денес може да седи во Трансилванија и да се сеќава на младоста...