На списокот за „отстрел“ на американската влада од почеток бил еден од најпрепознатливите руски олигарси, Роман Абрамович, се додека Зеленски не му се јавил на Бајден тоа да се коригира, во име на мирот во Украина.
Истрагата на БиБиСи откри нови докази за коруптивните зделки што го создале богатството на Роман Абрамович, чиј имот од пред неколку дена е замрзнат заедно со Челси. Се работи за два случаи со две нафтени компании. Едната во време на Елцин, другата кога дошол Путин.
Англиските медиуми тврдат дека со најновите санкции против газда Роман Абрамович, се компликува фунционирањето на Челси. Тоа значи забрана за продажба на билети, но и блокада за трансфери и потпишување нови договори.
На нет се врти една мошне интересна колоризирана фотографија, веројатно од средината на '80-те години од минатиот век. На неа е човекот синоним за богатство и газдинство.
Сопственикот на Челси, рускиот магнат Роман Абрамович наскоро ќе заплови со нов дворец на вода каков што досега не е виден во светските води. На некои од неговите претходни јахти летувале само Лампард, Дрогба, Тери и Шевченко. Џон и Френки раскажале за рајот кој го проживеале таму.
Деветто место во Премиер лига после 19 одиграни кола, -11 бода зад лидерот Манчестер Јунајтед и неколку слаби резултати со најскапо платен тим е причината зошто Челси реши да ја отпушти клупската легенда.
Втората половина на '90-те години беше најдобриот период во ХХ век за Челси. Клубот од Лондон во 1955-та станал шампион на Англија и освоил Суперкуп но во тие години бил просечен второлигашки клуб.
Притисокот кој Сари го издржа во текот на сезоната е стварно за раскажување. Секој ден излегуваа наслови со негова смена, со шут-карта, а со неговиот авторитет голманот Кепа проба да брише под. На крај Италијанецот покажа дека е многу голем стратег.
Неколку месеци англиските, но и руските медиуми пишуваат дека рускиот сопственик на Челси се повеќе размислува да крене раце од „сините“ и да го продаде клубот на кој му донесе 15 титули за 15 години.
Уште четири дена остануваат до стартот на англиската Премиер лига. Во петок Манчестер Јунајтед на свој терен го пречекува Лестер, а сезонава ќе даде јасен одговор за иднината на Жозе Мурињо на клупата на Манчестер.
И покрај тоа што британските власти решиле да започнат отворена војна против олигархијата, газда Роман ветил дека нема да го остави Челси и дека буџетот за нови играчи летово ќе биде од 50-70 милиони фунти плус парите од продажба на фудбалери.
По неколку перипетии, фудбалскиот клуб Челси конечно ќе може да почне со изградбата на новиот стадион кој ќе изнесува 1 милијарда фунти. Што бил проблемот со комшијата кој живее до стадионот?
Мајкл Еменало е човекот кој цели 10 години му бил еден од најверните соработници на Роман Абрамович но кој во понеделникот реши да замине од „Стемфорд Бриџ“ од лични причини. На повидок е конфликт меѓу Конте и десната рака на Русинот, највлијателната жена во фудбалот.
Ако не сте голем љубител на англиската Премиер лига во ред е никогаш да не сте го слушнале името Марина Грановскаја. Ако не сте страстен навивач на Челси, речиси сигурно не знаете како таа изгледа.
Роман го презеде Челси во 2003-та година и во овие 14 години освои најмногу трофеи од сите конкуренти. Неговата империја донесе титули во Премиер лига, во ФА Куп, во Лига Куп, во Лига на шампионите и во Лига Европа.
Најталентираниот фудбалер во историјата на Романија е човек за кој би можело да се сними филм кој рутински би ги собрал сите фестивалски награди. Неговиот подем и пад е долг колку патот од пеколот до рајот и назад преку чистилиштето.
Од Земун преку Прилеп и Пирот патот го носи во Ајндховен, Лондон, Париз, Истанбул, Мадрид, Санкт Петерсбург и Хонг-Конг. Матеја Кежман е најомилениот играч во кариерата на Гус Хидинк и фудбалер кој Тери го спречил да се степа со Жозе Мурињо
И покрај најавите дека Антонио Конте го презел актуелниот шампион во Премиер лигата, сепак од Островот стигна друга информација. Де Ниро е нов шеф на стручниот штаб на Сините.
Роман Абрамович е повеќе од една деценија во Челси, предолго загубено време во кое не се поставија препознатлив стил на игра, сет на идеи и принципи. Но сето ова го нема на Стемфорд Бриџ бидејќи тоа не е начинот на кој работи клубот.