Таа е жената која во последните три години управува со еден од најмоќните клубови на светот.
Грановскаја, како и сите блиски луѓе на Роман Абрамович, работи тивко и неприметно. За целото време во Англија таа не дала ниту едно интервју, а нејзината страница на Фејсбук уште во 2007 година била строго приватна.
Јавни информации за неа нема многу. Грановскаја учела во московското школо бр. 1113 (насока музика и кореографија), а во 1997 година завршила на најпознатиот униврерзитет во Москва, Ломоносов и набрзо се вработила во нафтената компанија Сибнефт („Сибнефть“), тогаш водена од Роман Абрамович.
Оваа компанија по неколку години ја купува гигантот Гаспромњефт (Гаспром), а во меѓувреме Грановскаја брзо му станала помошничка на сопственикот и стигнала до статус советник. Во 2003 година кога во Челси влезе руски капитал, Грановскаја дошла во Лондон и долго време работела во инвестициската компанија на Абрамович, Millhouse. Во фудбалот влегла некаде на крајот на ’2000-те години.
Често се појавувала на собирите на раководството на Челси и постепено станала главна врска меѓу Абрамович и останатите директори на англискиот клуб. Во период од три години Грановскаја на „Стемфорд Бриџ“ станала најблизок човек од доверба на газда Абрамович а официјално за нејзината работна позиција во клубот објавиле во 2013-та.
За само една година, во октомври 2014-та Грановскаја стана глаен оперативен раководител во Челси. Тогаш од клубот заминал Рон Гурлеј а таа се занимавала со сите фудбалски прашања - од назначување тренер до трансфер политика и продолжување договори.
„Грановскаја има реална власт во Челси. Таа не сака да биде позната и видена но секому е очигледно кој е таму главен“, во 2014-та рекол извор од клубот во разговор за весникот Evening Standard.
Денес Марина е претставена на клупскиот сајт како директор на Челси.
МАЕСТРАЛЕН ПРЕГОВАРАЧ
Во Челси веќе неколку години важи правилото: кој има потреба од Роман Абрамович прво треба да зборува со Марина Грановскаја. До неа луѓето од раководството имаат брз пристап, а таа одговара за сета комуникација на сопственикот со вработените во клубот, тренерите па дури и играчите.
Според The Telegraph ако Абрамович се интересира за составот, за играта или за формата на играчите, со тренерот лично разговара Грановскаја.
Најсилна страна на Марина Грановскаја велат дека е умешноста да преговара. Таа секогаш ги застапува строго интересите на клубот и со неа не можел на крај да излезе секој менаџер или агент. Според една легендарна анегдота Daily Mail, Грановскаја била клучен човек во преговорите при последниот договор кој го продолжил Џон Тери пред неколку три години.
По кратка беседа, таа му кажала на капитенот Тери: „Или земи, или остави.“ Џон го продолжи договорот според условите на Челси. Првиот најголем трансфер на Грановскаја станал Фернандо Торес: во јануари 2011-та Челси го купи Шпанецот од Ливерпул за 50 милиони фунти!
Потоа Марина успешно ги завршила и зделките со Рафа Бенитез, Диего Коста од Атлетико и го задржала Вилиан да не оди во Тотенхем. Bleacher Report ја прогласи за еден од најдобрите преговарачи во европскиот фудбал, а во таа смисла благодарение на неа Челси веќе не се расфрла со пари, туку работи фантастично.
Русинката била најзаслужна за продажбата на Оскар за неверојатни 60 милиони фунти и онаа на Натан Аке за 20 милиони фунти. Во 2014-та година таа успеала да издоговара и нов договор за Диего Коста и Сеск Фабрегас а успешно завршила и со трансферите на Ромелу Лукаку во Евертон и Давид Луиз (во тој момент Мурињо викал дека може лесно да работи без нив).
Грановскаја била еден од иницијаторите на новиот систем на развој на играчи: од 2012-та Челси ги праќа по разни европски екипи практично сите млади фудбалери од младинските категории (во сезоната 2014/2015 имале дури 30 позајмици).
Од таа причина Грановскаја редовно ја гледале и на домашните натпревари на холандскиот Витезе којшто е филијала на Челси (клуб-партнер).
Токму таа демонстрирала влијание и власт при враќањето на Жозе Мурињо. Разделбата на Жозе со Абрамович во 2007 година била жестока и непријатна, па во Челси тешко кој имал храброст да му ѕвони на Португалецот.
Никој освен Марина Грановскаја. Таа лично отпатувала во Шпанија да преговара со Мурињо а паралелно ги убедувала другите раководители на Челси зошто Жозе е важен за Челси.
Летово во Лондон имало многу шпекулации околу Антонио Конте: тренерот на шампионот барал поголемо влијание на трансфер пазарот а во меѓувреме Интер сериозно загризал за него. Грановскаја го решила конфликтот: преговарала со Италијанецот и го убедила дека ќе има доволно голем буџет за нови засилувања. Ден-два потоа Конте го продолжи договорот со Челси.