Голгетерско шоу од 4:5 во Лондон, историски 100 гола на Халанд

Фулам и Манчестер Сити приредија спектакл на „Крејвен Котиџ“, кој го добија гостите со 4:5. Имаа 1:3 на полувреме, па 1:5, но Фулам загриза со три комада. Историска ноќ за Ерлинг Халанд, кој стана рекордер со најбрзи 100 гола во Премиер лига, постигнати за 111 меча. Ширер сега е втор со 100 гола за 124 меча. Норвешкиот напаѓач е 35-ти играч во елитниот Клуб 100.

3 декември 2025 - 09:12