Таг: фулам

Арапски коментатор фати да пее на сред пенал

Фулам го исфрли Евертон на пенали во Карабао Купот со 7:6. Слушнете го циркузов на коментаторот кога се местеше да шутира Амаду Онана. Како на караоке.

Дриблингот од Премиер лига кој заслужува внимание

Мечот меѓу Ливерпул и Фулам понуди седмица со пресврти, три голчишта на домаќините, ама и дриблинг на гостите во режија на Алекс Ивоби. Мераклиски ги реши и двајцата со еден потег.

Голеада со пресврт и ревија на евроголови на Енфилд Роуд

Ливерпул и Фулам приредија празник за очи во 14. коло од Премиер лигата. 2:1, па 2:3, за крај со погодоци во 87-ма и 88-ма да бидат конечни 4:3. Трент Александар Арнолд, Ватару Ендо и Алексис Мекалистер, бирајте кој гол ви е најубав.

А ќе речеш во Премиер лига не глумат

Тешко клише е муабетот дека само Жабарите се тегнат по терени. Да фатиме да направиме топ листа само од тоа што ние сме објавиле, ќе ни искочат едно 300 пацери од 30 лиги. Џонџо Шелви од Нотингем Форест го пратија на шиење после мечот со Фулам. Топката му ја дупна главата.

Голот на Митровиќ кој влезе во аналите на англискиот фудбал

Српскиот репрезентативец, Александар Митровиќ едноставно е неверојатен и незапирлив сезонава. Гол машина која успеа да сруши рекорд стар три децении.

Митре попара прави со голови во Фулам, ама ваков нема дадено

Бележиме втор мајсторски погодок во Чемпионшип додека синоќа имаше ЛШ. Фулам му пукна петарда на Свонси на гости и тоа сите голови паднаа во второ. Отвори Митровиќ со гол број 35 сезонава, затвори 20 годишниот Неко Вилијамс. Голманот џабе бранеше.

Најубав момент на колото: Играчите на Фулам прославија гол со дете со церебрална парализа

Малиот Рис е инспирација за сите во клубот, а скоро го ставиле и во составот на сајтот на Фулам.

Ѕидар на колото

Евертон славеше со 2-3 на гостувањето кај Фулам и после 3 порази по ред им се врати на победите. Најдобриот играч на „карамелите“, Бразилецот Ришарлисон после мечот му го подари дресот на еден мајстор кој работи на реконструкција на трибините на „Кревин Котиџ“.

Фулам изгуби поради најглупиот пенал на сезоната

Вест Хем и Фулам 91 минута играа фудбал без ниеден гол, а тогаш домаќинот поведе преку Томаш Сучек. Во последните секунди од продолжението Фулам добива пенал кој запна да го изведе Адемола Лукман. И мангупот пробува паненка.

Слободен удар од 40 метри вреден 190 милиони евра

Фулам и Брентфорд го одиграа најскапиот меч на сезоната, вреден пласман во Премиер лига. Фудбалерите на Фулам го решија на спектакуларен начин, а Брентфорд излезе најголем лузер на островот.

Ваков гол паѓа еднаш во кариера, нема вторпат, знае Младен

Фантастичниот хрватски напаѓач Младен Петриќ пред 10 години за германски Хамбург, во Куп на УЕФА против Стандард во Лиеж во полуфинале постигна два гола од кои еден стварн надреален.

Бомбастичниот еврогол на стружанецот во Премиер лига

Можеби сте го заборавиле бидејќи веќе три години игра во Сион. Инаку роден е во Швајцарија, но има струшки корени, бидејќи неговите се од таму. 27 годишниот играч од среден ред постигна три гола за Фулам, а еден од нив беше прогласен за наградата Пушкаш во 2014-та.

Руни го одбележа 500-от меч во Англија со прва паненка во кариерата

Сигурно не сте заборавиле дека најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија игра во Чемпионшип.

Кепа Аризабалага се искупи

Челси многу тешко стигна до важни три бода во трката за место во Лига на шампиони, откако со 1-2 славеше кај Фулам попладнево. Победа остварена најмногу благодарение на најскапиот голман на светот.

Голот на Ширле против Барнли е избран за најубав во јануари

На 12 јануари Барнли го победи Фулам со 2-1, а голот кој го даде Германецот Ширле за гостите е прогласен за најдобар за минатиот месец.

Го чекал Фулам за пари, Митро промашил пенал, па му одговорил на Инстаграм

Скоро да нема редовен обложувач кој не слушнал за маалскиот муабет: „Утнал пенал во 90-та? Прати му го ливчето да ти ги исплати парите сега“. Овој муабет се случил и во реалноста и тоа после натпревар од англискиот ФА Куп.

Линиски судија на Милвол - Фулам дојден од кафана

Да е во првенство или куп на друга земја па да разбереме, ама ова да се случи во фудбалска Англија нема поента. Линискиот судија на мечот од англискиот Карабао лига куп судел со чевли а не копачки.

Пакистанецот кој дошол во Америка со 500 долари сега го купува Вембли

Човекот кој во целост го остварил американскиот сон, во ’60-те години дошол во САД со последните пари што ги имал, а денес ги поседува Фулам и Џексонвил Јагуар во НФЛ. Ама го сака и Вембли.

Новиот Герет Бејл игра во втората англиска лига Чемпионшип

После четири мачни години Фулам со сите сили се бори пак да се врати во англиската Премиер лига. Еден од главните творци на враќањето во елитата може да стане 17-годишниот Рајан Сесењон, дете на клубот и иднина на англиската репрезентација.

Луди Англичани, за 7 минути дадоа 4 гола

Не е само Боксинг деј празник на кој Англичаните знаат да се изнапукаат со голови. Внимавајте како ја почнаа годината фудбалерите на Фулам и тоа со помош на дете родено 2000-та година за кое гризат Реал и Манчестер Јунајтед.

Ова го може ли Барселона?

Дерби Каунти славеше 4:2 против Фулам на синоќешниот дуел од Чемпионшип. Гледајќи ја статистикава имаме две прашања: Дали можеби Дерби има школа по име Ла Масија? И како е можно гостиве со таков посед на топка да имаат 10 удари кон гол?

Феликс Магат, Бреде Хангеланд и сирењето со мајчина љубов

Хеиа фудбал е норвешка радио емисија во која гостуваат поранешни и сегашни фудбалери и тренери и раскажуваат разни анегдоти. Во последната гостувал корпулентниот „викинг“ Бреде Хангеланд кој раскажал за германскиот тренер Феликс Магат.

Кралот на второлигашките трансфери

Рос Макормак стана предмет на анализа во англиската фудбалска јавност бидејќи клубовите кои го ангажирале до сега за него платиле 30 милиони евра, а тој нема стапнато во Премиер лигата.

Бекот на Фулам што одеше со велосипед на натпреварите

Мориц Фолц е еден од првите таленти забележани од Арсен Венгер. Како Германец во Лондон не им го разбирал брзото зборување, па дури и на прашањата кој број сакаш да го носиш одговарал со јес јес. И покрај тоа стана еден од најомилените странци кои играле таму.