Плејоф дуелот за влез во Премиер лигата го донесе најздодевниот резултат 0:0 во регуларните 90 минути, но затоа продолженијата беа спектакл за гледање.
Јунак број 1 беше левиот бек Џо Брајан кој ги измами противниците за сите пари. Во 15-та минута од првото продолжение се местеше да изведува слободен од позиција од каде обично сите нафрлаат.
Го меркаше шеснаесетникот и кога сите очекуваа дека ќе бара некои од своите, тој му направи страшен заеб на голманот за делириум меѓу играчите.
Истиот фудбалер го дуплираше водството по 12 минути игра.
Домаќините реагираа предоцна, со гол во 124 минута за конечни 1:2 по што настана и тензија.
Со овој триумф Фулам ќе добие финансиска инјекција од околу 190 милиони евра во наредните три години, а победникот во Лигата на шампионите за оваа сезона најмогу може да заработи 82.5 милиони евра. Директно во Премиер лига се пласираа Лидс и ВБА.
Инаку што се однесува до Брентфорд, овој клуб е најлузерски на островот. 73 години чекаат кам бек во елитата и рекорден деветти пат губат во плејоф.
9 - Brentford have now failed to earn promotion in all nine of their play-off attempts in the Football League – this is the most unsuccessful play-off campaigns of any side in English football. Cursed. #EFLPlayOffs #BREFUL pic.twitter.com/qTV0zfw99R
— OptaJoe (@OptaJoe) August 4, 2020