таг: слободен удар

Мангупска шема од слободен удар

Треба да ти текне, ама и да ја вежбаш и тоа веројатно не многу бидејќи изгледа проста како грав. Како и да е, голманот е 100% заебан. Повеќе

Со далечински управувач да не е топкава?

Додека светот и по 20 години се занимава и се потсеќа на мундијалскиот проектил со чудесно ефе на Роберто Карлос, некоја слична верзија на таков слободен удар падна и во Бразил. Магијата е дело на Диего Соуза од Ботафого, во натпревар против Фламенго кој Фламенго го доби со 3:2. Повеќе

Сите 77 гола од слободен удар на легендата Жунињо Пернамбукано

Светски рекордер по број на голови од слободен удар. Европа го запозна преку настапите за Лион каде летово се врати како помошен тренер на неговиот сонародник Сивлињо (да, левиот бек на Барса од времето). Па, дами и госпда, уживајте: Повеќе

Како изгледа гол од паркинг плац?

Полуфинале на Куп на Малезија. Паханг против Перак. При резултат 2:1 во 93' минута, домашниот играч Херолд Марк Гулон мести топка на повеќе од 60 метри од противничкиот гол. Сите мислат дека ќе се обиде да центрира, а царот шутира и.... Повеќе

Хаити продаде штосен трик од слободен удар

Можеби ќе ве потсети на корнерот на Ливерпул во финалето на ЛШ, но сепак фората не е баш иста. Инаку ова е натпревар од Голд Купот против Бермудските острови, а шемава веројатно добро ја извежбале мангупиве. Повеќе

Ремек делото на Барди прогласено за број 1 на сезоната

Ла Лига ги објави петте најјаки голчишта од слободен удар за сезоната 2018/2019. Сите се евроголови, ама има само еден победник кој се вика Енис Барди. Во сенка го стави и Меси кој држи трето место. Браво мајсториште. Повеќе

Една од појаките финти некогаш изведени од слободен удар

Младинско Светско првенство У20 во 1995 година во Катар. Португалците Дани и Бруно Саиреш глумат караница меѓу себе за тоа кој да го изведе слободниот, а на крај голманот е матиран. Повеќе

Комбинација која никој на планетава не ја очекуваше

Гурник Забже од Полска изведе слободен удар кој ниту го вежбале, ниту можеле да го извежбаат, бидејќи ова не се вежба, туку се случува чисто случајно или што би се рекло несакајќи. Повеќе

Кој знае колку му се горди родителите

Класниот раководител да има посебен третман за детево и да го ослободува од часови кога и да посака. Значи никако замарање со хемија, физика или биологија. На детево му треба само топка, бидејќи планира да биде Дејвид Бекам или Жунињо. Повеќе