Михајловиќ, Жунињо, Бекам, Роберто Карлос, тие со нивниот мајсторлук го држат европскиот фудбал и уште им нема замена. За Азија си има друг човек и тој обично не ги изведува од центар, туку од Ѓорче.
Покрај историската вечер на Кристијано Роналдо, од квалификациската мундијалска ноќ издвојуваме и две голчишта за почит. Можеби на Азербејџан е поатрактивен, но на Црна Гора е позначаен бидејќи падна во 97-ма и вреди бод.
Шведскиот претставник кој пред четири години во второто квалификациско коло нагази на македонската мина Вардар, ќе игра во групната фаза оделитата. После триумфот од 2:0, на гости загуби 2:1 од Лудогорец, а голот кој ќе им донесе скоро 10 милиони само од пласманот е оваа бомба на 23 годишниот Вељко Бирманчевиќ кого го купија годинава од Чукарички.
Заврши серијата на Џордан Пикфорд од седум натпревари без примен гол, а му ја прекина Микел Дамсгард во 30-та минута со мајсторија од слободен удар. Гледаме одлични први 45 минути на Вембли. Англичаните се вратија по само 9 минути за 1:1 на полувреме.
Мауаса Фету од Рен денеска на понеделнички тренинг за домашно ќе добие вежбање слободни удари, а за Бентакур не знаеме што да искоментираме. Од тоа што се гледа е дека и ја подаде на трибината.
Ретки се головите од слободен удар директно во гол од волку тешка позиција, бидејќи ударот од ваков агол бара прецизно и мангупско ефе со кое мора да се лобува голманот, инаку нема како да влезе. Бразилецот Матеус од Ногоја Грампус нè потсети на Синиша во ЛШ пред 20 години.
Остануваме во Мароко. Прво се запрепастивме кога видовме колку човек може да се погази сам за да намести натпревар, а сега се изнадивме на друг начин. Погледнете ја оваа инвентивност и мајсторлук во исто време.
Ако е голман не значи дека треба само да брани. Прашајте го дали е така Нојер кој води допка до центар или Рожерио Сени кој има постигнато повеќе голови од Бендтнер. Себастијан Виера од колумбискиот тим Атлетико Жуниор е доказ дека и голманите знаат да нишанат.
На дуелот меѓу Нант и Лориен, домаќините поведоа буквално после минута ипол и водеа сè до 87' минута кога топката за слободен удар од 40 метри не ја намести Арман Лориенте. На ова може капа да му симне и легендарниот Бразилец Жунињо.
2008 и 2012: Европски прваци. 2016: Олимписки прваци. 2019 и 2021: Светски прваци. Џабе кога односот им беше потценувачки уште пред да се појават. Слетаа во 16:30, на три и пол часа пред натпревар, демек не ни треба ни одмор ни тренинг против Македонија.
Годината е 2009-та, на жив ѕид се застанати Ето и Меси, а на гол Виктор Валдес. Сè е тука залудно, бидејќи го имаш докторот за слободни удари кој едноставно те шокира и буни што од таму ја кова, а не нафрлува. Не се повторува вакво нешто.
Монако ја совлада Ница со 2:1, а голот за победа го постигна Висам Бен Једер кој изведе топовски удар. Тројца играчи учествуваа во измамата на која наседнаа живиот ѕид и голманот, а мрежата ќе оди на шиење.
Прекрасни погодоци од големите другари само во различни дресови. Суарез и натаму докажува дека е најдобар шпиц во лигата, а Меси дека Барса без него не би можела. Какви легенди!
После точно 2 години, три месеци и 20 дена, моторот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди синоќа постигна преубав погодок од слободен удар за Леванте во шпанскиот Кралски Куп.
Ептен се распукаа со голчишта деновиве стрелците од нисколигашките лиги. Вчера се дивевме на евроголот на Николче Кимов од Локомотива Градско, а денеска на левицата на извесен Луетиќ од Загора, кој мислиш одел на часови кај Михајловиќ и Жунињо.
Вкупно 4 гола паднаа во дуелот меѓу Заглебје Љубин и Стал Мјелец во Полска. Од тие 4, еден беше баш онака мераклиски. Го постигна Петери Форсел за гостите и ги постави конечните 2-2.
Застанете пред нив за да ги маркарите и него и голманот, потоа само клекнете, а чичо ќе им направи Роналдињовка и тепаме. Александар Катаи тоа го направи со мозок, а не на сила за Црвена Звезда - Гент, конечни 2:1.
ПСВ синоќа славеше 1:2 на гостувањето против Омонија каде беше фаворит, но 29-та минута им се случи шок, откако фудбалерот на домаќините Жорди Гомез им ја фукна од слободен и тоа од негова половина, а со тоа постави и рекорд.
Децава не се од Европа или Бразил, ниту пак се сениори, туку средношколска екипа од САД, која да повториме, заслужува чиста 5-ка по физичко, без да треба да полага.
Фулам и Брентфорд го одиграа најскапиот меч на сезоната, вреден пласман во Премиер лига. Фудбалерите на Фулам го решија на спектакуларен начин, а Брентфорд излезе најголем лузер на островот.
После 5 месеци пауза се врати фудбалот во Кина. Уште во 6' минута од мечот Тијанцин Теда - Шангај СИПГ домаќинот поведе по една итроштина на Ронг Хао кој шутираше буквално по земја под живиот ѕид и во стилот на Меси го изненади гостинскиот голман. Ама гостите кои важат за фаворити за титулата, на крајот направија пресврт и славеа со 1:3.