Енис Барди со гол го круниса враќањето на теренот по сериозните проблеми со грбот кои му предизвикаа двоипол месечно отсуство од терените.
Последните погодоци за Леванте македонскиот репрезентативец ги постигна на 16 јули 2020-та против Селта во Виго.
Опта Хозе, шпанската верзија на статистичката платформа пресметала дека Енис Барди откако е дојден во Ла Лига (јули 2017-та) до денес постигнал 7 гола директно од слободен удар во сите натпреварувања.
Само Лионел Меси со 21 погодок во сите турнири е пред Барди на листата стрелци од слободен удар. Зад Енис е поранешниот капитен на Валенсија, Дани Парехо кој сега игра во Виљареал.
7 - Only Lionel Messi has scored more direct free kick goals (21) than Enis Bardhi in all competitions (seven) since the Macedonian player arrived to #LaLiga (2017/18 season). Guarantee#RealValladolidLevante #ValladolidLevante @LevanteUDen pic.twitter.com/vQcjtDyCrf
— OptaJose (@OptaJose) January 26, 2021
Парехо постигнал 6 погодоци од слободен удар, а Оскар Родригез, Гризман и Јаго Аспас по 5 во сите натпреварувања.