Барселона го совлада Леванте со 3:0 и пак е прва поради киксот на Реал. Погледнете го ремек делово на Метју Рајан, 33 годишен голман и капитен на Австралија со 101 настап. Страшна интервенција и тоа двојна.
Мачна сезона имаат фудбалерите на Леванте кои се бетонирани на дното во Ла Лига со само 3 победи по 28 кола. Викендов одиграа дома 1:1 против Еспањол, а очајно им се потребни победи. Енис Барди намести гол, ама до несмасен колега кој не смееше да си дозволи да промаши ваква шанса.
Барди и другарите синоќа остварија сензационална победа на гости против Атлетико, само втора сезонава и се на дното на табелата. Мечот го одбележаа неколку драми, посебно две во 96-та и 97-ма минута кои за малку не го сменија резултатот.
Фудбалерите на Леванте се изнамачија сезонава и дури во 20. коло успеаа да стигнат до првиот триумф во шпанскиот шампионат. Барди не постигна гол, ама направи маестрална акција по која следуваше маестрална асистенција.
Македонската фудбалска репрезентација дебитираше летово на Европското првенство кое се одигра во 12 земји, а од историското учество ќар имаа и три екипи од Шпанија.
На можеби најважниот меч сезонава, Барселона уште во првиот дел на гостувањето кај Леванте водеше 0-2 и веќе со мисли беа во следниот меч против Селта на 16-ти мај. Ама домаќинот не мислеше така и до крајот од средбата израмни 3-3 со што практично ја исфрли Барса од борбата за титулата.
Во малото дерби на шпанскиот фудбал, Еспањол и Леванте одиграа 1-1. Резултатот го отвори нашата Наташа Андонова која постигна супер гол и го прослави во стилот на Кристијано Роналдо.
Малку е позната приказната за трансферот на легендарниот холандски ас, најдобар играч на светот во свое време, во мал клуб од предградието на Валенсија.
После точно 2 години, три месеци и 20 дена, моторот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди синоќа постигна преубав погодок од слободен удар за Леванте во шпанскиот Кралски Куп.
Во вечерта кога кралскиот клуб ја освои 34. шампионска титула, македонскиот репрезентативец постигна два гола и беше главен творец на триумфот на Леванте на гостувањето кај Селта Виго со 2:3. Барди го одигра 100. меч во Ла Лига и стана најдобриот странски стрелец во клупската историја со 18 гола.
Шпанските прволигаши веќе неколку денови се во полн тренинг и се спремаат за рестарт на Ла Лига, најверојатно на 8-ми или од 12-ти јуни. Енис Барди на тренинг 3х3 направи мало шоу и покажа дека е во солидна форма.
Првиот голман на Леванте, составот кој ја растури Барселона пред една недела, Аитор Фернандез во последен момент не знаел дали ќе добие дозвола од државната изборна комисија на Шпанија да брани во првенството, на гостување на „Сан Мамеш“.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна гол во стилот на Меси во 24' минута од мечот против Реал Сосиедад кој неговиот Леванте го доби со 1:2.
Мал клуб се со мал стадион и скромна историја, ама затоа се многу големи и разумни во однос на политиката кон своите навивачи. Тие ги исполнуваат трибините со 80%, а управата не само што ги цени, туку и ги наградува. Респект за клубот на Барди.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди синоќа го постигна третиот сезонски погодок за Леванте (12-ти откако е во Шпанија) и дефинитивно му обезбеди опстанок на својот клуб.
По играње со рака на нашиот репрезентативец, Реал Мадрид поведе од пенал со 0-1, домаќините потоа израмнија на 1-1 а до крајот клубот од престолнината доби непостоечки пенал за победа.
Виторија-Гастеиц е голем град во автономната покраина Баскија. Таму игра Алавес, клуб кој е многу сакан од локалното население кое се противи на понеделничкиот термин за фудбал.
Во 1/8 финалето од шпанскиот Куп Барселона изгуби 2:1 од Леванте. Каталонците играа со втор состав, а од првотимците истрчаа само Бускетс, Видал и Дембеле. До 18’ минута Леванте водеше 2-0 а Барса намали од пенал дури во 85’ минута. Реваншот е на „Камп Ноу“ на 17 јануари. Но оставете тоа:
Со три гола и две асистенции, Лионел Меси го спушти на земја Леванте кого Барселона го декласираше со 0-5. Аргентинецот покажа дека за него нема граници.
Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.
Македонскиот репрезентативец минатата сезона не беше само едно просечно засилување во Леванте, туку златно дете со снајперски способности од слободен удар, стрелец на 9 гола и играч кој сега најмногу вреди во клубот.
Ако од минатата сезона го пратите почесто Леванте поради Енис Барди, можеби сте забележиле дека на нивниот стадион една од трибините зад голот не е целосна и фали дел. Стадионот за неколку дена ќе наполни 49 години, па еве ја приказната.
Можеби звучи неверојатно, ама вистината е таа. Откако Барселона во својот состав го има Лионел Меси, а тоа е од 2004-та година, прв пат се соочува со ваков дебакл од 5 примени гола.