Стариот стадион на Леванте го носеше името Кампо де Валехо. Во 1963-та година, под една палма пред главниот влез на стадионот се појавила мртва мачка.
На телото од мачката имало закачено лист хартија со порака: Кога оваа мачка ќе се искачи на палмата, Леванте ќе влезе во прва лига.
Кампо де Валехо се соочил со поплава по што Леванте морал да се сели на друг стадион. Клубот купил земја во северниот дел од градот, малку подалеку на место опкружено со овоштарници и полиња.
Навивачите не биле задоволни со оваа одлука на клубот, но тоа не бил најголемиот проблем, туку еден од газдите на нивите. На Леванте му бил потребен само мал дел од неговото земјиште, но тој не се сложувал и сакал да им продаде сè.
Или купете ми ги сите ниви што ги имам тука или нема договор, им рекол тој. Од клубот не се согласите и од тогаш на јужниот дел од стадионот стои таа мала дупка. Некои ја нарекуваат проколната цел.
Во 2005-та година, фудбалерот по име Дуда имаше празен гол кој не го искористи, а потоа изјави:
„Кога требаше да шутирам, ми се појави дух пред мене и затоа наместо да шутирам му ја додадов топката на мојот соиграч. Нешто ми го спречи патот, не знам што беше, но во тој момент видов нешто“.
Второто необично тврдење на оваа тема го имаше Рамон кој работи како градинар во Леванте.
„Пред две години еден од моите колеги мораше да повика полиција, бидејќи тврдеше дека додека работел на тревникот, видел нешто чудно над голот“.
Градинарот рече дека во зоната на промашувањето на Дуда, во периодот меѓу 1995-та и 2002-та била истурена пепелта на четворица починати членови на клубот.
Постои и уште една шпекулација, а тоа е дека четворица навивачи на Леванте кои имале седишта на таа страна загинале во сообраќајна несреќа. Едни веруваат во духови, а друго во проклетство токму на тоа место. Што ги знаеш.