Барди е втор најдобар стрелец од слободни во Европа, Меси е неприкосновен

Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.

Во моментов Меси има дури 44 гола од слободен удар во кариерата (Кристијано Роналдо има 53). Во 2018-та Меси има 9 гола од слободен удар. Годинава толку не постигнал ниту еден играч, а ниту еден клуб.

На второ место зад него е македонскиот репрезентативец Енис Барди од Леванте со 4 гола од слободен а трет е Мемфис Депај, Холанѓанецот кој игра за Лион со 3 гола од слободен.

Неверојатно звучи податокот дека Аргентинецот цели 5 години по своето деби за првиот тим на Барселона немал ниеден гол од слободен удар а подоцна ја развива таа способност и ја усовршува.

Од 1 јануари 2014 година Меси дал 19 погодоци од слободен удар во Ла Лига. Од тогаш до денешен ден само Јувентус како екипа вкупно постигнал 18 гола од слободен но за „Старата Дама“ решетале 6 различни фудбалери - Пауло Дибала (8), Миралем Пјаниќ (4), Андреа Пирло (3), а Карлос Тевез, Пол Погба и Федерико Бернардерски по еден.

Во тој период Барселона постигнала 24 гола од слободни удари (само Меси има страшни 19), Јувентус 18, Лион, Реал и Рома по 14 гола од слободни удари а Баерн 13.

Сезонава Лионел Меси има 11 гола во Ла Лига и го дели првото место на листата најдобри стрелци со Кристијан Стуани од Жирона. Меси во меѓувреме стана првиот играч кој давал по минимум 10 гола во 13 сезони по ред во Ла Лига.

Еве ги сите 19 прекрасни голови на Меси од слободен удар: