Инсиње, Погба, Лука Модриќ, Де Брујне, Шик, Дамсгард, Мората, Јармоленко, Кјеза, Кристијано Роналдо. Кој од кој поубав гол на Европското 2020 кое ќе се памти како едно од најјаките одиграни во историјата. За чиј гол гласате?
Тотално лудиот гол на Патрик Шик, репрезентативецот на Чешка кој од пола терен го фрли Маршал во мрежата нè навраќа на некои слични погодоци после кои цел стадион се држеше за глава.
Прекрасни погодоци од големите другари само во различни дресови. Суарез и натаму докажува дека е најдобар шпиц во лигата, а Меси дека Барса без него не би можела. Какви легенди!
Многу добро и концизно спакувана компилација од сè она што е задолжително за гледање од богатиот фудбалски викенд. Евроголови, дриблинзи, одбрани...Најдоброто во само 2 минути.
Сме се нагледале убави голови, но најмногу благодарение на режијата и камерманите кои го вршат преносот и кои знаат како да фатат добар агол во прав момент.
Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.
Синоќа ширум Европа се играа толку натпревари што човек не знаеше што попрво да гледа. Каде и да свртиш со далечинското паѓа убав гол. Ние ги одбравме најдобрите неколку:
Викендов паднаа два гола кои конкурираат во трката кој е поубав. Едниот го даде Камило Санвецо во мексиканскиот фудбал, на дуелот меѓу Керетаро и Лобос од слободен удар. А вториот го даде Никола Миленковиќ од Фиорентина против Киево.
Јужно-американците ја викаат чилена (chilena), Италијанците ровешата (rovesciata), Бугарите задна ножица, Хрватите шкарице, кај нас ножички. Кои се автори на најубавите голови на овој начин?
Лион Душере против Ентент, француски третолигаши. Гостите прво израмнуваат 1-1 со страшни ножички на Вилијам Сиа. Лудило од гол. И доаѓа 94-та минута - а тогаш Матје Езикиан го постигнува најубавиот гол на сезоната.
Барнс, Карбоне, Колимор, Гудјонсен, Делап, Крауч, Амир Заки, Руни, Керол, Бентеке се само некои од играчите кои постигнаа сензационални голови со ножички во Премиер лигата. Мерак за очи.
Капитенот на Андерлехт Јури Тилеманс беше главен во победата од 1-4 на гостувањето кај Остенде. Првиот гол го даде со десна, вториот со лева, а и двата од 30 метри во агол.
Марка преку гласање организирано за своите читатели ги избра десетте најубави голови во историјата на европските шампионати. Од ван Бастен и Ујлан до Балотели и Златан.