Првото коло на Евро-2020 уште не заврши а веќе имаме два гола кои ќе се паметат уште многу долго. Прво Украинецот Јармоленко против Холандија постигна права убавина од гол, а во понеделникот Патрик Шик распали од 50 метри!
КОИ СЕ НАЈПОЗНАТИ ВАКВИ ГОЛОВИ ОД ОГРОМНА ДАЛЕЧИНА?
Чаби Алонсо (Ливерпул - Њукасл, 2004)
На 20 септември 2006 еден од најголемите миленици на фамозниот КОП на „Енфилд Роуд“, Шпанецот Чаби Алонсо го постигна еден од најлудите голови во историјата на Ливерпул.
На дуел од Премиер лига со Њукасл, Алонсо од своја половина го совлада противничкиот голман
When Alonso just...
— Goal (@goal) May 25, 2020
🤯pic.twitter.com/9MtgqTwQqK
Рафа Бенитез кој тогаш го водеше Ливерпул изјави: „Смешно е кога ќе се сетам, ама пред да шутира во гол се свртев кон него и му викнав да му додаде на Џерард на десно крило. Чаби прво го погледна теренот и тоа беше велелепен голен. Мене не ме чуди зошто сум видел дека тренира такви шутеви на тренизите“.
Дејвид Бекам (Вимблдон - Манчестер Јунајтед, 1996)
Прв и можеби најпознат гол во кариерата на тогаш младиот Бекам. Дејвид само што се зацврсти во првиот тим на Манчестер Јунајтед и беше далеку од светска слава, но после овој чудесен гол кога го начека излезен голманот на Вимблдон Нил Саливен, цел свет дозна за Бекс.
Англиските навивачи овој погодок го нареакоа и го знаат како «That goal»
Алесандро Флоренци (Рома - Барселона, 2015)
Во 31’ минута од мечот со Барса во 1. коло од групната фаза од Лига на шампиони, Флоренци постигна спектакуларен гол од пола терен.
88 shooting - approximately one for every metre out @Florenzi was when he scored *that* goal... 😱
— AS Roma English (@ASRomaEN) April 16, 2019
His #UCLMomentsSBC is now live on @EASPORTSFIFA! 🌠 pic.twitter.com/TZqPaYRYAd
Дејан Станковиќ (Интер - Шалке, 2011)
Некогашната ѕвезда на римски Лацио и на Интер кој сега е тренер на Црвена звезда, буквално во 26 секунда од почетокот на првиот меч од четвртфиналето на ЛШ против Шалке, распали еден шут директно од средина на игралиштето.
Го казни Мануел Нојер за честите излегувања
10 years ago today: one of the greatest Champions League volleys of all time 🔥
— B/R Football (@brfootball) April 5, 2021
(🎥 via @UEFAcom_it) pic.twitter.com/VD4LwCLbZs
Криштофер Крамер (Борусија Дортмунд - Борусија Менхенгладбах, 2014)
Овој гол стана единствен на мечот. Борусија конечно прекина една ужасна серија на порази и избега од дното на табелата, а Гладбах го доживеа првиот пораз во сезоната.
„Ми ја дадоа топката ама немав многу избор. Не сакав ама ја вратив назад од прва. Сакав да ја додадам ниско по земја ама топката отиде високо и директно во гол. Се случува, ете, луѓе сме“, рекол Крамер после мечот.
Кемар Руф (Стандард Лиеж - Ренџерс, 2020)
на 22 октомври 2020 во дуел од Лига Европа, Кемар Руф од Ренџерс постигна луд гол на гостувањето кај Стандард Лиеж. Постигна гол буквално од 50 метри, од самата половина и тоа беше рекорд за најдалечен гол во УЕФА натпреваруања. Ама само неколку дена беше рекордер
Жорди Гомез (Омонија - ПСВ Ајндховен, 2020)
Само 7 дена по неверојатниот гол на Кемар Руф, Жорди Гомез фудбалерот на кипарска Омонија против холандски ПСВ постигна гол од своја половина, од дури 52 метри далечина!
Ова стана нов рекорд а тие пар недели во Лига Европа паднаа неколку луди погодоци: