„Самото пристигнување во Загреб, затворањето во хотел и сè она што се случуваше околу нас, не беше нормално. Миха со стариот пријател Штимац разговараа за војната грб со грб, бидејќи во хотелот имаше луѓе од различни бранши и секаков вид на полиција. На загревањето на Максимир, наместо да бидеш полесен со секој чекор, стануваш потежок во нозете. Никогаш не сум го доживеал тоа како тогаш“.
Анегдотата е од времето кога заедно играа за Лацио и не оделе сами, туку цело друштво во кое биле и Панкаро, Коради, Фиоре, Џаникеда, Фавали. Анџело бил најголем мераклија на лов.
Рома ја совлада Сампдорија со 3:0 и остана во мртва трка за место во ЛШ, за разлика од гостите кои се повеќе се движат накај втора лига. Навивачите на Рома го навредуваа Станковиќ и му скандираа zingaro (циган), но Мурињо кој му беше тренер на Деки во Интер, се обидуваше да ги смири.
Јувентус ја доби Сампдорија со 4:2. Во 64-та минута после оние 2:2 во првиот дел, Рабио постигна гол за ново водство од 3:2. Гостите со прави бараа голот да биде поништен, а апла играњето со рака му го пуштија и на српскиот стратег после мечот.
Довчерашниот стратег на Црвена Ѕвезда, како тренер во Италија дебитираше со 1:1 во Болоња, па загуби дома од Рома. Стигна првата победа, ама во Купот после голема драма во продолженијата.
Тотално лудиот гол на Патрик Шик, репрезентативецот на Чешка кој од пола терен го фрли Маршал во мрежата нè навраќа на некои слични погодоци после кои цел стадион се држеше за глава.
Србија и натаму е своевидна „Мека и Медина“ за вакцини, па интерес за „пелцовање“ има не само од соседните земји, туку и од оние далеку побогатите. Замислете штом претседателот на италијанскиот прволигаш Удинезе слетал во Белград со жена му да се вакцинираат.
Црвена Звезда вечерва му гостува на Милан во нокаут фазата од ЛЕ, одлична прилика за навивачите на Интер да се сретнат и да го поздрават Дејан Станковиќ кој го пречекаа спектакуларно.
Со фантастични 97 погодоци, Горан Пандев е прв на листата стрелци во Серија А меѓу балканските фудбалери. Зад него се Мирко Вучиниќ, Јосип Иличиќ, Един Џеко и Деки Станковиќ. Словенецот искоментира дека ќе го стигнел Пандев наскоро.
Чиро Ферара не се снајде баш најдобро на извлекувањето на групите за Лига Европа и заглави кај Црвена Звезда. Но Дејан Станковиќ како нивен тренер направи добар штос и му се јави од соблекувална, а белградскиот тим видеото го објави на социјалните мрежи.
Да ги одмориме малку Клоп и Мурињо и да видиме како изгледаат шегите на балкански терен. Во очи на големото дерби Звезда - Партизан, поранешните српски репрезентативци Милошевиќ и Станковиќ на симпачитен начин направија смешка во прес центарот.
Тоа што е пензиониран фудбалер не значи дека е заборавен, туку напротив оставил белег и бил дел од златните денови на клубот кој нема логика да не го цени. Тука веројатно се работи плус и за авторитет.
Се работи за млад навивач кој по начинот на кој се иразува, се гледа дека е вистински навивач, а не од оние кои одат колку да се сликаат и чекираат. Тоа го препозна и легендарниот српски фудбалер кој му обезбеди карта.
Легендата на Лацио и Интер заедно со Оливие Доља беа гости во фудбалската академија на ФФМ во својство на предавачи. Станковиќ кој заедно со својот колега се дел од Одделот за развој на фудбалот во УЕФА, ја пофалија ФФМ за нивната посветеност во младинскиот фудбал во Македонија.
Поминаа 6 години, а како вчера да беше еден од најлудите голови видени во Лигата на шампионите кој падна на мечот меѓу Интер и Шалке. Ваков гол еднаш се дава и еднаш се прима, а тоа го знаат и Станковиќ и Ноер.
Поминаа 19 години откако Дејан Станковиќ за прв пат заигра во Италија, па сега вие видете колку сме или сте остареле. 15 годишната кариера на чизмата која му е за почит, ја почна онака како што ја заврши, со голчиште кое често ги даваше од 25-30 метри.
Лацио - Пјаченца 2:1, сезона 2002/2003. Роберто Манчини во состав со: Маркеџани, Одо, Коуто, Михајловиќ, Фавали, Фиоре, Џаникеда, Станковиќ, Цезар, Коради, Инѕаги. За едно нетипично славје се погрижија Коради и Станковиќ.
Градот на модата за првпат сезонава ќе гледа европски фудбал, поради тоа што ни Милан ни Интер не ја помирисаа Европа цела 2015/2016. Реал 12 години чекаше јубилејна 10-та титула, сега 90 минути го делат од 11-та. Атлетико има многу мотиви.
Даун Макет кој игра за португалскиот третолигаш Бареиренсе го искористи излегувањето на голманот ја опали од пола терен и не потсети на голот на Станковиќ против Шалке во Лига на шампиони.
Top Eleven го интервјуираше Дејан Станковиќ на тема финале во ЛШ. Го потсеќа на неговото со Интер во 2010-та, бидејќи како што ова ќе биде последна шанса за тие што се над 30, исто било и со него, Занети, Матераци, Милито, Камбјасо. Меѓу Меси и Роналдо, го избира Аргентинецот.
Признанието отиде во рацете на Дејан Станковиќ кој на спектакуларен начин го погоди голот на Ноер уште во прва минута. Натпреварот од ЛШ меѓу Шалке и Интер се одигра во април 2011-та и заврши 5:2 за Германците.
На 12. јануари следната година е изборот за најдобар играч за 2013-та година. Кандидати се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Мануел Ноeр. Во случај да победи Германецот, поранешниот играч на Интер и Лацио би можел да му ја врачи наградата затоа што најдобро го познава.