Лига на шампиони

За Милано финалето е со горчелив вкус

Градот на модата за првпат сезонава ќе гледа европски фудбал, поради тоа што ни Милан ни Интер не ја помирисаа Европа цела 2015/2016. Реал 12 години чекаше јубилејна 10-та титула, сега 90 минути го делат од 11-та. Атлетико има многу мотиви.

Времето во Милано и небото над него е променливо во последните неколку дена како и прогнозите околу победникот на финалето на Лигата на шампионите.
 
Ниту еден град во светот нема повеќе пехари во Лигата на шампионите од Милано, но овој рекорд утре ќе го срушат Реал или Атлетико кои на Мадрид ќе му го донесат 11-от пехар и ќе го надминат Милано (хеј, и натаму има 10 пехари повеќе од Париз, Лондон, Москва и Рим заедно).
 
Уште ако Диего Симеоне некако ги победи Галактикос и влезе во историјата, Милано ќе загуби уште една тривијалност која го правеше посебен: Веќе нема да биде единствен град со два победници на Лигата на шампионите.
 
Ова се мали нешта, но денес цело Милано мора да стане во фудбалска смисла. Саботниот вечерен меч ќе биде единствен европски дуел кој Сан Сиро ќе го види во сезоната 2015/2016, откако и Интер и Милан не успеаа да се пласираат ниту во Лига Европа. Последен пат такво нешто се случило пред 45 години.

„Боли, секако дека боли кога ќе се сетиш каде бевме“, вели Дејан Станковиќ кој помина 9 години како играч на Интер и од 2015-та е помошник тренер. Србинот вели „ние“ затоа што и тој самиот е граѓанин на Милано. „Мора да продолжиме напорно да работиме и да мислиме дека успехот не беше многу одамна“.
И навистина не беше. Пред шест години неговиот Интер командуван од еден Жозе Мурињо маршираше триумфално низ Мадрид (иронично) и го порази Баерн на Луј Ван Гал. Станковиќ беше таму, го играше финалето.
 „Ги погледнам моите соиграчи и наввиачите зад голот и видов емоции и радост каква што никогаш претходно не сум видел. Се сеќавам на тоа“, вели Дејан Станковиќ.
Реал е предводен од клупската икона во минатото кој има малку како тренер во споредба со играч, но го пројде секој испит сезонава. Малку луѓе ја имале таа привилегија да влезат во тренерските води во најбогатиот клуб, но Зинедин Зидан има фудбалска „сина крв".

Реал 12 години ја чекаше La Decima, а сега 90 минути ги дели од 11-от Европски Куп. Претпоставуваме колку тоа му значи на Флорентино Перез и неговата опседнатост како на комерцијален така и на спортски план. Дополнителен мотив за Реал ќе бидат и премиите по 600.000 евра од играч ако освојат ЛШ.

Успехот или неуспехот може да им влијае и на клучното прашање летово. Кристијано Роналдо има уште две години од договорот и има 31 година. Логично или ќе го продолжи или ќе замине и ќе се бара негов наследник. Иако во Реал се свесни дека сигурно нема да дојдат ни близу да го заменат достојно на спортски и комерцијален план. Турканицата во редот за Роналдо започна, а ПСЖ е поврзуван со трансфер од 150 милиони евра сè вкупно.

Клучен меч ќе игра и Атлетико Мадрид. Диего Симеоне се враќа во градот и стадионот каде еднаш играше против Зидан. На многу начини Чоло е феномен сам за себе, како човек во црно кој успева да го разголи секој противник до гола тактика.

Го поврзуваат со трансфер во постабилен клуб каде ќе има повисока плата и каде надоградбата на таленти е пред заменувањето на истите со поевтини секоја година.

Атлети секако дека има и лични мотиви во натпреварување кое беше многу сурово со нив. Два пати во последните 40 години секунди ги делеа да станат шампиони на Европа. Два пати пехарот им бега со гол во последен момент.

Еднаш Ханс-Јорг Шварценбек во Брисел и Серхио Рамос во Лисабон. Како неутралци може да побараме барем ако губи, Атлетико да не загуби на срцепарачки начин во последна секунда. Ритуалното финале кое се игра секоја пролет во последните 60 години ќе добие нов шампион во сабота во градот чиишто тимови ја пишаа најсвелтата историја на ова натпреварување.