- Дисциплинската комисија при ФФМ ги изрече казните за неодамнешните испади во македонскиот фудбал.
- ФК Вардар е казнет со вкупно 3.500 евра од кои 1.000 евра се поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар како и 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на дуелот со Силекс од 31. коло. За недоличното пеење и скандирање на играчите на прослава на шампионската титула сè уште не е изречена казна.
- ФК Пелистер е казнет парично со 2.500 евра поради користење пиротехнички средства во натпреварот од 26. коло против ФК Вардар.
- Казнети се уште и Шкендија со 5.000 евра поради навредливо скандирање против ФФМ и скандирање со националистичка содржина на дуелот со ФК Струга Трим Лум, како и Осогово, Детонит Плачковица, Каменица Саса.
- Тренерот на Шкендија Јетон Беќири е казнет со парична казна од 500 евра поради недолично однесвуање односно вербален напад врз припадници на МВР по крајот од дуелот меѓу ФК Силекс и Шкендија во 30. коло.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.