Бразил е во делириум за повикот на Нејмар, кој ќе го игра четвриот, а можеби и последен Мундијал, со оглед на тоа што во 2030-та би имал 38 години. Но, не се сите среќни. Погледнете колку луѓе беа собрани дома во исчекување Жоао Педро да добие повик. Челси имаше лоша сезона, но Педро беше одличен со 20 гола. Браќа, сестри, тетки, стрини...сите беа разочарани откако Карло не го прочита неговото име.