Селекцијата на Јапонија го официјализираше списокот на играчи за Светско, а на него се најде легендарниот Јуто Нагатомо. 39 годишниот дефанзивец ќе стане прв Азиец со пет Мундијали, со што ќе се најде во друштво на Буфон, Маркез и Карвахал. Нагатомото играше во престижни клубови како Интер, Галатасарај и Олимпик Марсеј, а сега е член на Токио. Со 144 настапи е втор во историјата на својата земја.