- Во соопштение на своите профили на друштвените мрежи, луѓето од ракометниот клуб Вардар 1961 го одбија предлогот за заедничка прослава на шампионските титули со братскиот ФК Вардар.
- Од ракометниот шампион на Македонија велат дека тие веќе пред извесно време го дефинирале датумот на својата прослава и веќе испратиле покани до сите свои играчи, тренери, управата на клуб, спонзори и ВИП личности.
- Прославата на РК Вардар 1961 ќе биде на 23-ти мај во сабота од 20.30 часот и велат дека тие нема да можат да присустваат на прославата која истата вечер ќе биде организирана од ФК Вардар во сабота после натпреварот против Шкендија кој почнува од 18 часот. Прославата на навивачите и ФК Вардар е планирана на „Школка“ во Градски парк по 20.30 часот. Ќе има музички настан со познат бенд, штандови со храна, пијалаци и многу реквизити.
- Од ФК Вардар имаа намера заедно со ракометарите и навивачите да направат голема прослава на која пред навивачите ќе бидат изведени двата шампионски трофеи.
- Елмин Растодер го разби малерот на македонската фудбалска репрезентација, која осум натпревари беше во серија без постигнат гол. По мечот со Шкотска изјави дека се работи за вежбана комбинација.
- „Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава.
- Сакам уште еднаш да кажам дека сум многу горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, рече напаѓачот на Панатинаикос.
- „Овој натпревар го реши ВАР, немам што да им замерам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.
- Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се спомнуваше, знам дека тие можат повеќе.
- Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови“, изјави по мечот селекторот Гоце Седлоски.