Реал Мадрид и официјално потврди дека Дани Карвахал на крајот од сезоната ќе го напушти клубот, откако двете страни не постигнале договор за продолжување на соработката.
Со тоа завршува една ера на Бернабеу и поврзаност од точно 23 години. Легендарниот бек беше 10 години дел од академијата и уште 13 во првиот тим.
Заминува со неверојатни бројки од 450 настапи и 27 трофеи, само еден помалку од Лука Модриќ кој е рекордер во историјата на клубот.
Карвахал го има тешко достижниот успех од 6 освоени трофеи во ЛШ. Рекорд кој го дели со Пако Генто, Лука Модриќ, Тони Крос и Начо.
34 годишникот е последниот активен член од легендарната генерација на Реал која освои дури 6 титули во ЛШ во период од 11 сезони и остави неизбришлива трага во европскиот фудбал.
„Дани Карвахал е легенда и симбол на Реал Мадрид и нашата младинска академија. Неговиот лик покрај нашиот сакан и незаборавен Алфредо Ди Стефано, поставувајќи го камен-темелникот на тренинг центарот, засекогаш ќе остане силно врежан во срцата на сите мадридисти и во историјата на нашиот клуб. Карвахал отсекогаш ги прикажувал вредностите на Реал Мадрид. Ова е и секогаш ќе биде неговиот дом“, рече Флорентино Перез.
Инаку шест сезони по ред од Реал Мадрид си заминуваат капитените.
