Навивачот напиша писмо со кое ја искажа љубовта што ја чувствува за Црвена Ѕвезда и тој до толку успеа да ги трогне навивачите што доби над 20.000 следбеници на Инстаграм.
Анонимниот навивач кој не остави име и презиме под писмото, не успеал да обезбеди карта за синоќешниот кам бек на Ѕвезда во ЛШ после скоро три децении, но во пресрет му излезе еден поранешен член на клубот со славна меѓународна кариера.
„Го прочитав писмото и почувствував колку ја сака Ѕвезда. Им го покажав и на моите деца да видат како се сака клуб. Мило ми е што можев да му помогнам“, изјави Станковиќ
Навивачот му одговори:
„Легендата го прочита писмото и веднаш успеа да ми обезбеди карта. Средбата со него ќе ја паметам вечно, голем ѕвездаш и голем шмекер. Благодарам Дејане“.
Писмото на навивачот кој се рашири на социјалните мрежи:
Слушам распродадена си и велат дека за мене нема карта. Не сум лут, чувствувам некоја гордост. Сум се смрзнувал на стадион, сме губеле титули, но и кога си губела си го освојувалата моето срце. Умеевме да издржуваме и во неуспесите, срамежливо повикувајќи на победи, ти на терен, а јас на трибина.Сега им овозможивме на сите овие луѓе да те гледаат против великани, нели е тоа најголема победа, поголема и од оние кои копнеат за следниот вторник. Страницата виде светлина кога денот беше на самото дно, тогаш да не ја створеше, веројатно никогаш не би...од дното одевме кон почетокот, новиот почеток, сега си на врвот, а ова ти го пишува човек кој е неизмерно среќен поради тоа.Јас ќе одам на Радник од Сурдулица да ти докажам како љубовта ја прават ситници...за да може повторно да се заљубам. Дури и кога е темно насекаде околу мене научив дека светлото на твоите рефлектори е единствен момент кога ми сјае вистинска среќа.Луѓето кои купуваат карти за да ги продадат за повисока цена, мора да сфатат дека од Ѕвезда не се живее, туку за Ѕвезда се живее. Повторно покажа дека си најголем бренд кој ја тркала топката, како во Србија, така и на Балканот. Повторно си џин, всушност ти и никогаш не си престанала да бидеш, само за момент кочеше.Од тебе никогаш не можев да се откажам, те засакав тогаш кога неколку од вас си заминаа, а јас повторно ти се враќав. Така ќе биде и сега. Можеби нема да бидам на стадион, но ќе бидам тука некаде, спремен да брзам тогаш кога неколкумина ќе заминат.Да бидеме сами...како кога сè околу нас беше празно, а ти ми вети дека еден ден повторно ќе бидеш меѓу елитите. Благодарам што не ме лажеше и што го одржа зборот. Делии, заминете во вторник не само поради победа, одете да уживате, да се сеќавате на овој тим кој еден ден ќе го нема, а сè ќе стои на една фотографија кога виси на ѕид. Што и да е, резултатот е моментален, а идеалот вечен. Те сакам Ѕвездо.