
Во битката за осминафинале, Сампдорија се изнамачи против второлигашот Асколи кого го делеше само една минута до сензација.
Регуларните 90 минути завршија 1:1, а Асколи со голот на Донати во 110-та минута беше на чекор до пласман во следната фаза со што ќе го шокираше Станковиќ.
Но спасител беше Капуто кој погоди дури во 119-та минута за 2:2 и пенали.
Изведоа вкупно 22 и на крај останаа да шутираат голманите. Во последната 11-та серија голманот на гостите Гуарна не успеа да погоди за голема радост на Сампдорија.
Во осминафинале ќе се сретнат со Фиорентина и ако ја поминат вкрстуваат со двојката Милан/Торино.
После цела драмолетка Станковиќ вака го напушти теренот, во неверување што сè му се случи против второлигаш.