„Добродошао Дејане. Твоји људи те поздрављају“, гласи српската парола која ја спремија навивачите на Интер за да го пречекаат стратегот на Црвена Звезда, кој вечерва игра реванш против Милан со кој во Белград неговиот тим одигра 2:2.
Џузепе Меаца беше негов дом 10 години и тој во Интер има статус на легенда. Освои вкупно 15 трофеи од кои пет Скудета, а беше дел и од историската сезона на Мурињо и наш Горан кога ја освоија тројната круна.
Навивачите на Интер го пречекаа со бакљи и песна, а тој ги испочитува со сите нишани. Се симна од автобус, ги изгушка и застана да се слика, па дури и го облече дуксерот кој му го даде еден од ултрасите.
Жабариве се циркус, Дежан го викаат.