Дејан Станковиќ стана најмладиот капитен во историјата на Црвена Звезда, но кој ќе го знаеше ако не мрднеше од Балканов. Остајте тоа што мрдна, него со двата клуба во Серија А за кои играше, Лацио и Интер стигна до неверојатна бројка од 21 трофеј, 6 со Лацио и 15 со Интер.
Летото 1998-ма од Маракана се префрли на Олимпико каде го дочека постариот колега од репрезентација, Синиша Михајловиќ, а трансферот за 20 годишниот талент изнесуваше тогашни 24 милиони марки.
Имаше огромна конкуренција бидејќи средниот ред на Лацио предводен од Свен Горан Ериксон во тоа време беше составен од Верон, Недвед и Симеоне. Се најде место и за Деки кој на својот деби настап против Пјаченца ја распали од далеку и му покажа дека шведскиот стратег дека не е фудбалер за на клупа.
На 208 меча за Лацио Дејан Станковиќ постигна 33 гола и освои Скудето, Куп на Италија, Супер Куп, Куп на Куповите на победниците и Супер Куп на Европа. Со него и Михајловиќ цела Србија, па и Југославија беше на нозе кога играше Лацио.
Бомба на римското дерби