
Една од паузите во италијанскиот фудбал, Дејан Станковиќ и Синиша Михајловиќ решиле да ја искористат да им го покажат Белград на големите ѕвезди на Интер.
После излегување во ноќни клубови и сплавови каде им пеела Цеца, Михајловиќ решил, како што е редот на Балканот, да ги однесе да пробаат лесковачка плескавица. На фотографиите се гледа како Виери во чудо гледа во прилозите и како уживаат во храната во обичен маалски киоск за лесковачка скара.
Присутните раскажале дека во шок гледале како Виери и Адријано нормално си чекаат во ред да нарачаат и да кажат какви прилози сакаат.