Двајца српски навивачи во 2017-та тргнале за Италија да го гледаат градското дерби Интер – Милан, но со план на лице место да купат карти.
Ситуацијата била повеќе од трудна, бидејќи картите биле распродадени, па им преостанало или да ја гледаат во некој локал или да одат на варијатна “повикај пријател“.
Ама на кого? На вистинскиот. Вака на прва изгледа дека нема шанси да врати, ама пак ќе речеме. Му пишале на вистинскиот кој се вика Дејан Станковиќ.
За анегдотата да не биде само доживеана и раскажана, собрале и доказ за фино лепо тоа да се документира.
Каков цар излегол Деки. Му пишува рандом лик за карти, а овој му враќа да оди во хотел да си ги подигне. Да е некој цреп, може и да им ги наплати.
Инаку Дејан Станковиќ направи ептен богата кариера во Италија каде играше 15 години. Прво освои 7 трофеи со Лацио, а потоа во Интер уште 15 од кои и тројна круна со Мурињо. Шест Скудета има дечкото.
Од пред неполн месец тренер е на Црвена Звезда.