Стрелецот на најважниот гол во историјата на репрезентацијата на Португалија, во финалето на Европско првенство 2016, синоќа ја спаси Локомотива Москва од пораз на гостувањето кај Балтика во Купот со прекрасен погодок пред сам крај од мечот:
На мега-дербито Ливерпул - Челси во Лига купот на Англија, паднаа два ефектни гола. Стариџ го отвори резултатот со ефектни полу-ножички:
Еден Азар по којзнае кој пат направи мајсторија и даде прекрасен гол за целосен пресврт 1:2.
На мечот Атлетик Билбао - Виљареал исто падна гламурозен гол. Пабло Форналс ја доведе „жолтата подморница“ во водство со гол од 43-44 метри:
А подалеку од нив, кон Мадрид, Кутињо во свој стил и донесе предност на Барса кај Леганес: