Порто го декласираше Локомотив Москва со 4:1 со што го исфрли и математички од некакви шанси за нокаут фаза. Русите имаат 0 бодови, а оценка нула треба да добие и овој удар на Португалецот Едер кој се посрамоти за сите пари.
Синоќа ширум Европа се играа толку натпревари што човек не знаеше што попрво да гледа. Каде и да свртиш со далечинското паѓа убав гол. Ние ги одбравме најдобрите неколку:
Пред две години, селекцијата на Португалија стана европски првак со голот на Едер во 109-та минута. Синоќа Португалија У-19 стана европски првак со голот на Педро Кореира во 109-та минута. Како само успеаа да се поклопат.
Најважниот момент во фудбалот минатата година, голот на Едер во финалето на Европското првенство во Франција беше кулминација во кариерата на многу спортски коментатори. Еве како тоа звучеше на 64 канали. Приказната за Едер тука.
Роден во Гвинеа Бисао, со сиромашните родители на три години ја напушта бедната Африка и доаѓа во Португалија, земја на која 25 години подоцна ѝ го донесе највредниот пехар во историјата.