Португалците направија сајт за да му се извинуваат на Едер

Во интервју за португалскиот ТВ канал 24, јунакот на европскиот првак денес ја раскажа неговата тешка животна сторија која ги зачудила Португалците.

Кога имал 12 години, татко му ја убил маќеата на Едер во Англија поради што бил затворен. Малиот Едер секоја година одел да го посетува во затвор. Фудбалот му бил излез од суровото секојдневие, но нова незгода го стигнала додека играл во Брага кога ги повредил лигаментите и цела година паузирал и паднал во депресија.

Од тој момент голем дел од португалската јавност го критикувала поради слабите настапи а навивачите на Португалија го исвиркувале на секое појавување во дресот на оваа земја. После победничкиот гол против Франција во финалето, Едер стана херој а Португалците отвориле сајт www.desculpaeder.com каде му се извинуваат за сите свирежи, навреди, плукања.

Едер за тоа кратко вели: „Нема потреба од извинувања“. Напаѓачот игра за францускиот Лил кој го откупи неговиот договор од Свонси.

Интервјуто со Едер го водела познатата португалска водителка Кристина Фереира, која пред еден месец имала интервју и со сестрата на Кристијано Роналдо.

http://www.tvi24.iol.pt/videos/desporto/cristina-ferreira-entrevista-ed…