На Португалците таа 109-та минута од продолженијата им носи среќа преточена во две европските титули во две години.
На Европското првенство во Франција, Португалците вака така истуркаа до финале каде на стадионот Стад Де Фран се сретнаа со домаќините кои важеа за фаворити.
Но по мирољубиви 0:0 во регуларните 90 минути, џокерот Едер со убав гол го реши финалето во 109-та минута.
Две години подоцна, Португалија на Европското првенство за играчи до 19 години одигра многу повозбудливо финале против Италија. До 90-та минута беше 2:2. Во продолженијата паднаа уште три гола за вкупни 4:3 за Португалците.
Во истата 109-та минута на Едер, голот вреден европска круна го постигна Педро Кореира. Коинциденција за историја.
Инаку на сликава детево маскота до Роналдо се вика Жоао Филипе и има 9 години.
Сега и тој е Европски првак со два постигнати голови во финалето, а на сликава лево до него е Тринкао Франсиско со кого шампионатот го завршија како најдобри стрелци со по 5 гола.