Хуан Фоит е уште неиспечено 21 годишно бекче со 12 настапи во Премиер лигата за Тотенхем и 5 за Аргентина. Ама пред себе имаше инспирација наречена Кутињо кој го направи мајмун.
Барселона си поигра со Манчестер Јунајтед во реваншот од 1/4 финалето на Лига на шампиони, а Меси и Кутињо правеа чуда. Бразилецот даде гол за најавни шпици.
Синоќа ширум Европа се играа толку натпревари што човек не знаеше што попрво да гледа. Каде и да свртиш со далечинското паѓа убав гол. Ние ги одбравме најдобрите неколку:
Бразилската ѕвезда која пред месец и пол направи трансфер од Ливерпул во Барселона за преку 100 милиони евра, го постигна дебитантскиот гол во Ла Лига. Поубав и поатрактивен не можеше да посака. Индивидуална мајсторија.
На 17 февруари 2013-та година пред скоро точно 5 години, Луис Суарез му намести дебитантски гол на Кутињо за Ливерпул. Вчера Уругваецот пак му асистираше на Бразилецот, овој пат на Местаља во друг дрес. Кутињо само што влезе во игра даде гол.
Барселона за него одвои 142 милиони фунти и тој трансфер стана еден од најголемите во историјата. А каков бил Кутињо на 13 години во 2005-та кога ги дриблал врсниците на мал фудбал?