Колку треба да е прекрасен голот кога од 566 постигнати погодоци во кариерата, Кристијано Роналдо за него изјави дека е најубавиот од кога игра фудбал?
Се одрази преку целата одбрана на Јувентус и постигна луд гол за што доби аплауз од целиот „Алијанц Стадион“ во Торино.
Неговите ножички беа прекрасни, но не и единствени во светот на фудбалот. Ако поставиме критериуми на убавина и тежина на мечот еве го редоследот на најубавите 10 „макази“ некогаш видени:
10. Питер Крауч против Болтон
Високиот, можеби највисок англиски фудбалер ја забавува публиката на Твитер. Синоќа по голот на Кристијано тој напуша: „Само малкумина од нас можат такво нешто“. На што алудираше?
Ливерпул - Болтон, сезона 2006/2007, година во која даде неверојатни 18 гола (негов личен рекорд во Премиер лигата). 61’ минута, центаршут на Џермејн Пенант, магија на џинот висок 201 сантиметар.
9. Роналдињо против Атлетико Мадрид
Звучи неверојатно, но вистинито. Последниот гол на Бразилецот за Барселона беше ремек-делото против Атлетико во Мадрид. Роналдињо се изнадава многу убави голови во кариерата но овој му беше еден од најубавите.
8. Синклер против Барнсли
Едни од најпознатите ножички во историјата на фудбалот од еден од најмалку познатите играчи на листава. Неговиот безобразен гол падна во ФА Купот во 1997. година на мечот КПР - Барнсли.
Центаршут од десна страна, Тревор Синклер поранешниот играч на Вест Хем и Манчстер Сити излегува од шеснаесетникот и фаќа таква ножичка што голманот не ја виде:
7. Игуаин против Фрозиноне
„Пипита“ ни самиот не знае колку пати маестрално ги матирал голманите како играч на Реал, Наполи и Јуве, ама оној што го постигна во дресот на клубот од Неапол и со кој го сруши рекордот на постигнати голови - вкупно 36 во Серија А за една сезона беше најубав на сезоната во Италија. Против Фрозиноне на Сан Паоло направи хет-трик а третиот беше чудо:
6. Ривалдо против Валенсија
Уште едни ножички во уште еден хет-трик. Чудото на Ривалдо беше најубав гол таа сезона. Барса играше во последното коло против Валенсија и им требаше победа за пласман во Лигата на шампионите. И во 90’ минута Ривалдо дава филмски гол. Лудница:
5. Ван Бастен против Ден Бош
Марко Ван Бастен во кариерата постигна еден куп прекрасни голови. Ножичките против Гетеборг во дресот на Милан му ја донесоа „Златната топка“, но негов најубав гол во кариерата е во дресот на Ајакс. Еврогол плус салто за прослава:
4. Јури Џоркаеф против Рома
Ден денес навивачите на Интер се прашуваат како е можно да се даде гол со ножички од речиси „мртов агол“. За такво нешто треба да го прашаат Јури Џоркаеф кој во јануари 1997 година направи невозможна акробација за историски гол:
3. Брешан против Барселона
Според тежината на натпреварот и убавината на изведбата, голот на Мауро Брешан од Фиорентина на мечот против Барселона во Лигата на шампионите 1999. година ден денес е најубав во клупската историја на Виолетовите од Фиренца и еден од најубавите во УЕФА натпреварувањата:
2. Руни против Манчестер Сити
Во финишот од лутото градско дерби против Сити, Руни постигна пеколен гол којшто многумина го сметаат за најубав во историјата.
Перфектна координација, рамнотежа, скок и историски ножички. Поезија во движење:
1. Ибрахимовиќ против Англија
Првото посто не може да не биде за најголемиот. Можеби еден од најневеројатните голови со ножички од кога е измислен фудбалот. Сигурно меѓу најдобрите атлетски потези во сите спортови.
На мечот против Англија, Златан Ибрахимовиќ направи ножички од својот двор дома: