Таг: вејн руни

Бомбата на Руни од 50 метри, кога Бекам се смешкаше на трибини

Кога човек ќе се присети на некое голчиште на Вејн Руни, прво на памет му доаѓаат оние антологиски ножички на градското дерби против Сити. Ама има кучето многу јаки голови во кариерата и не за џабе е прв стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед со 253 гола. Пред точно 10 години ја опали поштено од пола терен против Вест Хем.

Да ви покаже Вејн Руни како се воспитува дете

Во англиската Премиер лига има традиција, при прослава на титула, некое од малите деца на фудбалерите кои трчаат по теренот да шутне топка во гол додека навивачите нестрпливо чекаат. Како изгледаше тоа со Руни и син му Кај во 2011-та кога Јунајтед ја освои 19. титула:

10 години од епските ножички на Руни

Нема навивач на Манчестер Јунајтед кој ќе го заборави ова ремек дело, ама нема да има таков ниту од Манчестер Сити. Ептен мајсторски и ептен врвно изведено, плус во градско дерби. Дами и господа, акробацијата на Вејн Руни од сите агли.

Брат му на Руни како Вејн на времето - од пола терен

Џон Руни е шест години помлад од брат му Вејн. Игра за нисколигашот Стокпорт и денес го запозна фудбалскиот свет подобро со него. Во 1. рунда на ФА Купот постигна лудница од гол од пола терен против Рочдејл.

18 години откако детето Вејн го даде првиот гол во Премиер лига против Арсенал

На 20 април 2002 година, 16-годишниот Вејн Руни првпат се најде во составот на Евертон, но тренерот Дејвид Мојес таа пролет не се охрабри да му даде шанса на малиот напаѓач.

Мајстор Вејн Руни

Резултатот од Чемпионшип дуелот меѓу Дерби и Норич беше 0:0, ама до 88-ма минута кога на легендарниот англиски напаѓач му дадоа меч топка за да ја реши. Некако рано му е за пензија со оглед на тоа како игра уште.

Каква мајсторија на Вејн Руни од слободен

После 18' минути фудбал меѓу Престон и Дерби Каунти, ветранот реши да го проба шутот од слобден удар. Голманот не мрдна, а топката падна како сув лист. Ова беше победнички гол на мечот и дури 5-ти триумф по ред на Дерби Каунти кој со 15 освоени бода стигна на поен од место кое води во плејофот за Премиер.

Најголеми кладилничари меѓу фудбалерите кои играле поправен тикет

На спортистите им е строго забрането да се обложуваат, но некои од нив ги прекршуваа правилата и се кладеа. Некои беа и светски познати фудбалери.

Душманскиот волеј на Вејн Руни

Само што се расправаше бурно со судијата и Фергусон се остреше да го извади од игра, 20-годишниот Руни целиот бес го искали на една топка која ја начека на прва и со волеј ја искина мрежата на Њукасл за израмнување на резултатот 1-1.

Малиов супер се потрудил

Руни, Кристијано Роналдо, Марадона, Роналдињо, Анри, Бекам, Роналдо, Ван Перси, Тоти, Ривалдо. Од сите овие легенди ќе повтори по еден легендарен гол. Оценката по физичко веќе може да му ја заклучат. Седи 5-ка.

Руни со волеј до британските власти: Нè третирате ко морски прасиња

Вејн Руни ретко се огласува на нефудбалски теми, но ситуацијата со коронавирусот го натерала да распали по актуелната влада. Напиша колумна за The Sunday Times.

Руни го одбележа 500-от меч во Англија со прва паненка во кариерата

Сигурно не сте заборавиле дека најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија игра во Чемпионшип.

Стариот добар Руни се врати во Англија, стави капитенска лента и асистираше за гол

После пола година Вејн Руни одново игра во англиски клуб, овојпат на ниво подолу од Премиер лигата. Во Дерби Каунти дојде како играч-помошен тренер кој ќе му помага на Холанѓанецот Филип Коку.

Во 2009 бил хипотекарен агент, а во 2019 репрезентативец на Англија

Во екот на хитот „10 years challenge“ најпознатите фудбалери од Велика Британија постираа фотографии од тоа кај биле и какви биле пред 10 години и фотографии од денес. Цепки.

Најубавите голови во деценијата од 2010 до 2020

Како што се наближува почетокот на 2020-та година, така полека може да се заокружи циклусот на најпознатите фудбалски погодоци во изминатите 10 години. Речиси сите се познати, а има и некои кои сме ги подзаборавиле.

Како жена му на Руни открила дека жена му на Варди ја издава во медиумите

Додека нивните сопрузи напорно тренираат и даваат голови за своите клубови (Лестер и ДС Јунајтед), Ребека Варди и Колин Руни напорно работат на Инстаграм стори. Оваа вторава се чудела кој ги издава нејзините приватни работи во жолтиот англиски печат и на крај дознала.

Руни како отиде во МЛС, стана уште погруб на теренот

Некогашниот капитен на Англија и Манчестер Јунајтед беше исклучен со директен црвен картон синоќа на мечот ДС Јунајтед - Њујорк Ред Бул. Ова е финална сезона за Руни во Америка, затоа што во јануари ќе игра во Дерби во англискиот Чемпионшип.

Руни по свое

ДС Јунајтед со 1-4 го згази Синсинати на гости, а еден од головите беше дело на Вејн Руни кој го даде 11-от погодок сезонава во МЛС лигата во САД.

Руни што направи човеку?

Секој што мисли дека ветераниве што одат да ја завршат кариерата во САД се истрошена роба, се лаже ептен. ДС Јунајтед на Руни го победи Орландо Сити на Нани со 1:0. Лејдис анд џентлмен, Вејн Руни:

Голман го прекрши Вејн Руни

Играл Вејн по секакви терени во Англија и се челичел по пабови, ама ваков старт од голман во кариера не доживеал. Мет Тарнер од Њу Ингланд доби директен црвен по овој старт, а Руни во 97-ма минута од пенал му донесе бод на неговиот Ди-Си Јунајтед (1:1).

Најубавите голови легнати на волеј

Кога ќе падне на волеј и кога играч ќе ја зафати со полна сила, тука двајца голмани нема што да бараат. Било каде, било кога. Волејот е волеј.

Најјакиот слободен удар во кариерата на Руни

33-те години не му даваат товар на Вејн Руни, туку уште поголемо искуство, зрелост и повеќе интелигенција. Дечкото растура во МЛС, а синоќа со ДС Јунајтед славеше на гости против Орландо Сити 1:2. Како само му успеа голов од ваков агол? Спиете ли мирно Жунињо, Пирло, Михајловиќ?