Бомбата на Руни од 50 метри, кога Бекам се смешкаше на трибини

Кога човек ќе се присети на некое голчиште на Вејн Руни, прво на памет му доаѓаат оние антологиски ножички на градското дерби против Сити. Ама има кучето многу јаки голови во кариерата и не за џабе е прв стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед со 253 гола. Пред точно 10 години ја опали поштено од пола терен против Вест Хем.

Инаку сезонава беше тренер на Бирминген во Чемпиошип, ама издржа нецели три месеци. Го отпуштија после 15 меча на кои имаше само две победи. Генерација 85-та е, ама ептен некако се подмладил. Ко да е од времето на Драган Ѓаиќ и Боби Чарлтон.

 

22 март 2024 - 11:01