Најголеми кладилничари меѓу фудбалерите кои играле поправен тикет

На спортистите им е строго забрането да се обложуваат, но некои од нив ги прекршуваа правилата и се кладеа. Некои беа и светски познати фудбалери.

БАРТОН ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА ПОРАДИ ОБЛОЖУВАЊЕ

Џои Бартон важеше за најпроблематичен лик во англискиот фудбал, како на терен така и надвор од него.

„Јас сум израснат на улица, таму нема правила“, рекол еднаш Џои.

Бартон во кариерата направи еден куп скандали, истепа соиграч во Сити, еднаш во паб некому фрлил цигара во око, удрил шлаканица на 15-годишен навивач на Евертон и лежел во затвор 74 дена.

Но професионалната кариера не ја заврши поради возраст или повреда.

Кога Џои Бартон во финишот од својата кариера играше за Ренџерс, Шкотската фудбалска асоцијација докажа дека тој дури 44 пати се кладел на фудбалски натпревари, но го суспендираа само за еден меч.

Подоцна Англиската фудбалска асоцијација во април 2017-та година го отстрани Бартон на 1,5 година од фудбалот поради тоа што се обложувал. Тоа беше и причина поради која Џои ја заврши кариерата. На суд се докажало дека тој за 10 години уплатил дури 1.260 тикети.

Некогашниот фудбалер на повеќе англиски клубови уплатил вкупно 229.000 евра и бил во загуба од 18.300 евра. На крај и самиот признал дека се обложувал и дека не гледа ништо лошо во спортско обложување, особено што „пола Премиер лига се клади“.

СИТИ ГО ПЛАЌАЛ ДЕМИКЕЛИС НАЈМАЛКУ ОД СИТЕ, ПА ОВОЈ РЕШИЛ ДА СЕ КЛАДИ ЗА ДА ЗАРАБОТИ ПОВЕЌЕ

Уште еден љубител на тикетот е Аргентинецот Мартин Демикелис. Тој беше казнет на 28.500 евра поради тоа што било откриено дека 12 пати се кладел.

Стоперот избегна драстична казна затоа што ја признал својата вина и се открило дека се кладел на странски лиги. Сите тикети му биле од јануари 2016-та година. Во тој момент Демикелис бил најмалку платен играч во Манчестер Сити (пази: заработувал 74.500 фунти неделно).

ИВИЦА ОЛИЌ ПРЕД КРАЈ НА КАРИЕРАТА ПИШУВАЛ ПОПРАВНИ ТИКЕТИ

Хрватскиот напаѓач кој се прослави во ЦСКА Москва, а играше одлично и во Баерн Минхен, исто така љубел да пушти некое ливче.

Во есента 2016-та Олиќ играше за Минхен 1860 (втора германска Бундеслига) и се кладел на натпревари од таа лига.

Го суспендирале на 2 меча и го казниле 20.000 евра. Последиците можеле да бидат многу поголеми ако тој се решел да се клади и на натпревар на неговиот клуб.

Истрагата покажала дека тој одиграл 9 тикети а сумата не била огрома - по неколку стотини евра.

„Не се кладев на многу пари и просто сакав да ми биде занимација. Ја признавам својата грешка и многу ми е жал што ова се случи“, признал Олиќ.

ВЕЈН РУНИ ИЗГУБИЛ 700.000 ЕВРА НА КОМАР

Некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија раскажал во едно интервју дека изгубил многу пари на кладење и на коцка. За тоа се дозна во првата епизода од серијалот „Држи под контрола“ во кој Руни раскажува колку е опасна зависноста од коцка.

„Продолжив да се коцкам, пробував да ги вратам изгубените пари“, признал Руни.

Вејн вели дека еднаш изгубил 700.000 фунти за пет месеци како играч на Манчестер Јунајтед, а еднаш добил 65.000 фунти за два часа во казино во 2008-ма година.

Руни заработуваше 300.000 фунти неделно на „Олд Трафорд“.