Затоа Мојес се окуражи во новата сезона и Вејн Руни дебитираше за Евертон на 17 август 2002 година и тоа во стартниот состав против Тотенхем. Во 37’ минута од овој меч Руни имаше асистенција за голот на Марк Пембриџ.
Вејн во тој момент стана најмладиот играч, дебитант и асистент во историјата на Евертон.
Но медиумите и натаму одвреме-навреме пишуваа за него.
И така беше до 2 октомври кога талентираниот центарфор го постигна својот прв гол во професионалната карира. Беше тоа на 1. октомври 2002 година против Рексам во Лига Купот на Англија. Евертон славеше 0-3 а Руни постигна 2 гола и го урна рекордот на Томи Лоутон од претходно.
Вејн имаше само 16 години и 343 дена на тој натпревар кога со 2 гола ги израдува навивачите.
БЛЕСОКОТ НА ГУДИСОН ПАРК
Европската и светска јавност првпат на големо слушна за чудото од дете на Евертон на 19 октомври 2002 година кога на „Гудисон Парк“ пристигна страшниот Арсенал кој во Премиер лига не изгуби 30 меча по ред тогаш.
Фреди Љунберг го отвори резултатот уште во 8’ минута, но израмни канадскиот бек на домашните Томаш Радзински. И кога се чинеше дека Арсен Венгер ќе ја продолжи својата моќна непобедлива серија, малиот што влезе од клупата наместо Радзински, Вејн Руни од 25 метри постигна страшен гол под пречката на Дејвид Симан. Во 90’ минута за тотално лудило на трибините какво што Гудисон не памтело ни до тогаш ни после тоа.
На прес-конференцијата после мечот Арсен Венгер не криеше дека е воодушевен од младиот стрелец. „Руни е најголемиот англиски талент кој сум го видел од моментот на моето доаѓање во Англија. Откако работам како прв тренер, немало многу играчи до 20 години така добри како што е он“.
Руни стана најмладиот стрелец на гол во историјата на Премиер лига (16 години и 330 дена), но овој рекорд не го сочува долго. Прво му го урна Џејмс Милнер, а во 2005-та година одново играч на Евертон го врати рекордот во клубот: Џејмс Вон постигна гол во Премиер лига против Кристал Палас на 16 години и 271 ден.
Во сезоната 2002/2003 Вејн Руни уште пет пати ги матираше голманите, а во следната 2003/2004 постигна 9 гола, одлично играше на Европското 2004 и направи голем трансфер во Манчестер Јунајтед. „Карамелите“ за него добија 37 милиони евра која што ден-денес е рекордна сума уплатена за играч под 20 години во Англија.
Вејн Руни во моментов важи за најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед (253 гола) и репрезентацијата на Англија (53 гола). А се почна пред цели 18 години!