Руни го одигра 500-от јубилеен меч во англискиот фудбал (491 во Премиер лига, 9 во Чемпионшип) и успеа да го прослави со уникатен погодок, прв таков во неговата богата кариера.
Во 55' минута од мечот Дерби - Фулам, домаќините добија пенал: Мартин Вогхорн протна една топка во шеснаесетникот на Фулам и во рака погоди противнички играч.
Судијата досуди пенал а кон белата точка отиде Руни. Без многу размислување се залета и изведе паненка:
Ова беше 59-ти пенал во кариерата на Вејн Руни и верувале или не, прв кој го извел со паненка. После мечот Руни изјавил дека ваквиот пенал не бил поради 500-от меч, туку дека едноставно голманите му го научиле начинот на кој изведува пенали.
„Секогаш се нервирам пред пенали. Поради тоа никогаш претходно немав пробано паненка. Но голманите ја изучија мојата техника на изведување, па затоа решив да пробам нешто ново. За среќа се добро се завши. Се чувствувам добро, се уште играм, се уште уживам во фудбалот. Ова е мој 500. меч но ќе прославам по завршување на кариерата“, заклучил Руни на чиј погодок одговори Александар Митровиќ од Фулам кој со 22 гола е убедливо најдобар стрелец во Чемпионшип.