Кај губеа 3:0, па уште земаа во 95-та да се чаталат. Варгас се посрамоти, а Перу за прв пат после 1975-та година ќе игра во финале на Копа Америка. За противник го имаат Бразил на Маракана.
Толку ни изгледа ова ризично што мислевме дека голманот ја фаќа 100% и покрај тоа што се фрли на друга страна. Но ете пеналџијава од Бризбен изгледа доста ја вежбал оваа мајсторија па ја смета за сигурица.
Во битка за третото место кое води во бараж за втора француска лига, Лавал со 3-1 го совлада ривалот Ле Ман. Последниот гол од пенал го даде Габриел Етиноф кој изведе паненка.
Симеон Џексон од шкотскиот прволигаш Сент Мирен ја изведе една од најлошите паненки. Треба да вежбаш друже, не оди тоа така. Остај ги ти Пирло и Тоти, земи вежбај за да не ти се смеат друг пат.
Торган Азар, помалиот брат на Еден од Челси имаше Франческо Тоти обид кој подобро да не се обидува да го прави пак. Среќа Борусија Менхенгладбах го совлада Нирнберг со 2:0, а тој го отвори резултатот и се изведи некако, инаку пеналот срамотилаци.
За паненка обично се решаваат мајсторите од пенал, ама оние најхрабрите, а дека можело тоа да се проба и од слободен удар докажаа во Мексико. Некако не е едноставно ова како што изгледа, веројатно бара многу тренинг.
Торстен Матушка кој игра во четвртата германска лига изведе малку поинаква варијанта на паненка и ги предизвика Пирло и другите храбри пеналџии да пробаат вака. Делува малку ризично бидејќи топката оди некако многу бавно, ама па се дотркала до гол.
Европските прваци нека не се чудат што не успеаа да му дадат ниту еден гол од пенал на Клаудио Браво. Чилеанецот е мајстор за бранење пенали уште од млади години. Ова негова акробатска одбрана се случи кога ја освои титулата со Коло Коло во Чиле пред 11 години, што е негов прв трофеј во кариерата.
Никола Миротиќ од Чикаго Булс против Тибо Куртоа од Челси. Црногорецот го тестираше белгискиот голман и за малку не го доби двобојот, но изненади со еден негов потег.
Унгарскиот првак Ференцварош на пенали испадна од Партизани Тирана, дополнително внесениот албански претставник во квалификациите за Лигата на шампионите. По 1:1, следуваа пенали каде голманот на Партизани Албан Хоџа правеше чуда. Најпрвин изведе мајсторска Паненка а потоа одбрани три пенали и е најзаслужен што Албанците во следното коло ќе играат против Салцбург.
Се играше меч од Купот на Литванија меѓу второлигашите Силуте и Силас кој заврши 0:0. Следуваа пенали, а таму се прослави гостинскиот фудбалер Гитис Сиугзда.
За така смело изведен удар од 11 метри прво треба јадење многу фурни леб. 18 годишниот Ромарио Балде наместо на Бенфика да и донесе водство од 2:0 против Шахтјор, тој се посрамоти, а гостите израмнија и потоа на пенали се пласираа во полуфинале на младинската ЛШ. Ромарио не доби шанса за да ја исправи грешката.
На ова кратко видео кое сакавме да биде подолго за да фатиме повеќе сеир, го имаме најголемиот пацер за изведување пенали кој се обиде со храбрата паненка да го измами голманот.