Украина остана без европски фудбал

Неверојатно возбудливи натпревари во 1/16-финалето на второто по ранг фудбалско натпреварување во Европа.

Во осмина-финалето од Лига Европа се пласираа Порто, Салцбург, Базел, Викторија Плзен, Бетис, Севиља, Наполи, Валенсија, АЗ Алкмар, Анжи. Бенфика, Фиорентина, Лион, Тотенхем и Јувентус.

Лудогорец ја продолжи својата европска бајка и тоа со елиминација на Лацио во луда завршница. Возбудлив финиш имаше и дуелот помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Порто по кој Португалците продолжија во следната фаза со конечни 3:3.

За одбележување во 1/16-финалето е и елиминацијата на сите четири претставници на Украина.

ЛИГА ЕВРОПА - 1/16 финале:

Рубин - Бетис 0:2 (прв натпревар 1:1)
Базел - Макаби Тел Авив 3:0 (0:0)
Ајнтрахт Франкфурт - Порто 3:3 (2:2)
Лудогорец - Лацио 3:3 (1:0)
Наполи - Свонси 3:1 (0:0)
Салцбург - Ајакс 3:1 (3:0)
Севиља - Марибор 2:0 (2:2)
Шахтјор - Плзен 0:2 (1:1)
АЗ Алкмар - Либерец 1:1 (1:0)
Бенфика - ПАОК 3:0 (1:0)
Фиорентина - Есбјерг 1:1 (3:1)
Генк - Анжи 0:2 (0:0)
Лион - Черноморец 1:0 (0:0)
Тотенхем - Дњипро 3:1 (0:1)
Трабзон - Јувентус 0:2 (0:2)
Валенсија - Динамо Киев 0:0 (2:0)

Тотенхем - Дњипро:

Трабзон - Јувентус:

Наполи - Свонси:

Ајнтрахт Франкфурт - Порто:

27 февруари 2014 - 23:21