Клупскиот фудбал е на самиот почеток и веќе ја имаме утката број 1 за оваа сезона, која тешко дека некој може да ја надмине за скоро. Необјасниво непрецизната завршница е дело на Ебу Адамс од Гамбија на мечот Дерби Каунти - Кардиф Сити. Среќа барем што неговите победија.
После 18' минути фудбал меѓу Престон и Дерби Каунти, ветранот реши да го проба шутот од слобден удар. Голманот не мрдна, а топката падна како сув лист. Ова беше победнички гол на мечот и дури 5-ти триумф по ред на Дерби Каунти кој со 15 освоени бода стигна на поен од место кое води во плејофот за Премиер.
После пола година Вејн Руни одново игра во англиски клуб, овојпат на ниво подолу од Премиер лигата. Во Дерби Каунти дојде како играч-помошен тренер кој ќе му помага на Холанѓанецот Филип Коку.
Во игра на нерви, клубот од Бирмингем го совлада Дерби Каунти на Френк Лампард и после три сезони се враќа во елитното друштво, подвиг за кој ќе добијат огромна сума на пари.
Лидс Јунајтед имаше предност од 0-1 од првиот меч на гости со Дерби. Синоќа на реваншот на домашен терен имаше преполн стадион, огромна поддршка и дури поведе со 1-0 . Ама на крај Дерби Каунти се издигна и на крај славеше со 2-4 за пласман во големото финале од плејофот за пласман во Премиер лига.
Толку се спонтатни и добри зафрканти, што просто ти е мерак редовно да го следиш англискиот фудбал во пониските лиги. Она што се случи со Лидс Јунајтед и Дерби е многу смешно.
За време на мечот Дерби - Нотингем Форест од англискиот Чемпионшип, навивачите на двата тима, во еден глас пееа Sky TV is fucking shit. Во еден момент режисерот на преносот го сече скандирањето. Револтот е што телевизијата Скај си ги шалта термините на натпреварите како им одговара поради поголема гледаност.
На „Стемфорд Бриџ“ синоќа се врати една од најголемите икони во клупската историја на Челси, Френк Лампард, како тренер на Дерби Каунти. Се играше дуел од Лига Купот, „Сините“ славеа 3:2 а гостите си дадоа два комични автоголови.
Еден од најдобрите фудбалери синоќа на легендарниот стадион на Манчестер беше младиот Хари Вилсон кој е позајмен играч од Ливерпул и кој не пропушти прилика да ги изнервира навивачите на Јунајтед.
Дерби Каунти славеше 4:2 против Фулам на синоќешниот дуел од Чемпионшип. Гледајќи ја статистикава имаме две прашања: Дали можеби Дерби има школа по име Ла Масија? И како е можно гостиве со таков посед на топка да имаат 10 удари кон гол?
На мечот меѓу Дерби Каунти и Блекбурн Роверс во англискиот Чемпионшип првото полувреме заврши без голови, но публиката ја анимираа маскотата на Дерби, „Рибата“ и уште еден навивач на овој клуб.
Сигурно дека за вакво нешто потребно е знаење и многу тренинг, но и дебели живци. Откако по стапките на Барселона ова маестрално пимплање со топката успеаа да го применат Арапи и Грци, следниот тим кој ја премотувал повеќе пати лентата на Каталонците е англискиот второлигаш Дерби Каунти.