Астон Вила е нов премиерлигаш и ќе заработи 160 милиони фунти

Во игра на нерви, клубот од Бирмингем го совлада Дерби Каунти на Френк Лампард и после три сезони се враќа во елитното друштво, подвиг за кој ќе добијат огромна сума на пари.

Годинава во финалето на решавачкиот плејоф за Премиер играа Дерби Каунти на тренерот Френк Лампард и Астон Вила на Џон Тери (помошник тренер на Дин Смит).

Тимот од Бирмингем кого од трибините го бодреше принцот Вилијам славеше 2:1, и не само што обезбеди место во Премиер лига, туку и заработи астрономски луда сума на пари. Астон Вила се враќа во Премиер лигата по испаѓањето во 2015/2016.

Поранешниот европски првак (1982) одново ќе игра против најдобрите англиски клубови.

Овој меч важи за најдрагоцениот во историјата на фудбалот затоа што победникот заработува многу повеќе дури и од победникот на Лига на шампиони.

ОД КАДЕ ТОЛКУ ПАРИ И ТАКВА ЗАРАБОТКА?

Според новите договори, клубовите во Премиер лига од 2019 до 2022 година ќе поделат 9,2 милијарди фунти (претходниот беше 5,5 милијарди фунти).

Победникот на финалето - Астон Вила (како и клубовите кои влегоа во Премиер лига: Норич и Шефилд Јунајтед) ќе добијат најмалку 180 милиони фунти од ТВ права во следните три сезони: 97 милиони ќе добијат од Премиер лигата (ако завршат 20-ти следната сезона) и уште 78 милиони фунти од таканаречените падобрански уплати (оној којшто ќе влезе во Премиер првата сезона ќе добие 50% од задолжителната клаузула за ТВ права, оној што ќе остане и втора сезона добива 45% а ако издржат подолго во Премиер, односно одиграат и трета сезона по влегувањето ќе добијат уште 20%) плус 5 милиони фунти бонус од англиската фудбалска лига.

Дерби Каунти, како поразен во финалето ќе добие 20 милиони фунти во следните три сезони (од фонд на солидарност за оние кои нема да добијат „падобрански уплати“, односно 20% од фиксната уплата која секој клуб во Премиер ја добива на основа на ТВ права) и плус уште 6,9 милиони фунти бонуси од англиската фудбалска лига (2,3 милиони фунти годишно).

Со таков однос, разликата меѓу победникот и поразениот е минимум 160 милиони фунти!

А пазете го ова:

Ако Астон Вила избегне испаѓање од Премиер лига во првата сезона, ќе добие минимум 300 милиони фунти во следните пет години. Дерби Каунти, во случај следните пет години да ги мине во Чемпионшип ќе заработи „само“ 34 милиони фунти.

Вила ќе биде аутсајдер во следната сезона од Премиер лига и доколку го повтори успехот на Вулверхемптон, кој влезе од Чемпионшип па во Премиер правеше сјајни резултати и заврши 7-ми, може да сметаат на 127 милиони фунти бонуси од ТВ права.