Во игра на нерви, клубот од Бирмингем го совлада Дерби Каунти на Френк Лампард и после три сезони се враќа во елитното друштво, подвиг за кој ќе добијат огромна сума на пари.
Виторија-Гастеиц е голем град во автономната покраина Баскија. Таму игра Алавес, клуб кој е многу сакан од локалното население кое се противи на понеделничкиот термин за фудбал.
Најбогатата лига во светот која дели колач од ТВ права вреден 5,5 милијарди фунти, ги прави богати и клубовите кои ја напуштаат лигата, па така на пример еден Сандерленд фаќа џаде во втора лига со 100 милиони фунти или 50 помалку од шампионот.
Шпанските прволигаши треба да потпишуваат нови договори за телевизиските права, но доколку тие се прават по стариот модел, а тоа е пола да оди кај Реал и Барселона, тогаш ништо од бизнисот.
Најскапата фудбалска лига во светот има повеќе пари од Бруто домашниот производ на Таџикистан како 141 земја во светот, но не и од Македонија која е четири места погоре со 9,576 милијарди долари во оваа категорија на споредување.
Англиските клубови не го урнаа рекордот во јануарскиот преоден рок, но сезонава ги поместија границите во трошење за трансфери на годишно ниво. Италијанците изминатиов месец потрошија половина помалку од нив, а Французите една четвртина.
Како што Мундијалот мина со десетици илјади видеа од головите снимени и објавени на Вајн, Твитер и слични сервиси, така се очекува да започне и новата сезона од Премиер лигата.
Години наназад разликата помеѓу двата шпански гиганти, Барселона и Реал Мадрид и останатите клубови (со исклучок на Атлетико Мадрид) е огромна, а уште поголема е разликата помеѓу парите кои тие ги земаат од ТВ права. Еве како изгледа распределбата во Шпанија споредена со онаа во Англија.
Македонските фанови се навикнаа на гледање натпревари преку интернет стримови во недостиг на интерес од нашите телевизиски куќи за откупување на преносите, но и во недостиг на богати навивачи кои сами ќе ги откупат ТВ правата, како во случајот со еден Ирец.
Судот за правда на Европската Унија ја одби жалбата на ФИФА и УЕФА и застана во одбрана на правото на фудбалските фанови да можат да ги гледаат натпреварите од Светското и Европското првенство бесплатно на телевизија.
Шпанската влада планира да изгласа нов закон со кој фудбалската лига ќе има контрола над колективната продажба на телевизиските права со што ќе се подобрат клупските финансии и ќе се зголеми конкурентноста.
Квалитетот на германската Бундеслига расте од година на година, а Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во моментов се најдобри во Европа, но сепак тие заедно од ТВ права заработуваат колку еден Квинс Парк Ренџерс.
И покрај огромните финансиски проблеми, малите клубови од островот не се даваат на теренот. Таков беше случајот со изненадувањето на четвртолигашот Бредфорд кој успеа да се пласира во финалето на Лига Купот, како и сензацијата која третолигашот Олдам му ја приреди на Луверпул во ФА Купот.