Шпанија со закон против Реал Мадрид и Барселона

Шпанската влада планира да изгласа нов закон со кој фудбалската лига ќе има контрола над колективната продажба на телевизиските права со што ќе се подобрат клупските финансии и ќе се зголеми конкурентноста.

Мигуел Карденал, претседателот на Спортскиот совет на Шпанија изјави дека до крајот на годината ќе биде изгласан нов закон со кој лигата ќе има поголема моќ од индивидуалните клубови.

Во моментов Барселона и Реал Мадрид заработуваат неколку пати повеќе од останатите клубови во Шпанија при продажбата на ТВ правата кои се продаваат индивидуално.

Барселона и Реал Мадрид заработуваат по 140 милиони, а трет по заработка е Атлетико Мадрид со 47 милиони евра. Колку за споредба, помалите клубови како Рајо Ваљекано добиваат само по 14 милиони евра од продажбата на ТВ правата.

Токму Барселона и Реал Мадрид си ги поделија последните 9 титули, а останатите клубови тонат во долгови.

5 јули 2013 - 13:16