ДЕТСТВО
- Роден е како Дејвид Роберт Џонс во Брикстон, на 8-ми јануари 1947-ма. На ист ден со Елвис (Присли, не Бајрам)
- Завршува средно техничко во Бромли.
- Другар од тоа време му е гитаристот Питер Фремптон.
- Едната зеница му е трајно зголемена како последица од добиен удар во школска тепачка. За девојка.
- Тој што го удри (Џорџ Андервуд) подоцна му помага за дизајн на омотите на првите плочи.
- Свири саксофон од 12 години.
ПРЕД СЛАВАТА
- Стартува со името Дејви Џонс кое подоцна го менува заради конфузијата со Манки Дејви Џонс.
- На 17 години го дава првото интервју за Би Би Си како основач на "Друштвото за заштита од навреди на луѓе со долги коси". Порачува: "Не е убаво луѓето да те викаат дарлинг."
- Првиот албум го издава во 1967-ма година.
- Истата година го издава и синглот The Laughing Gnome, веројатно најлошата песна која некогаш ја направил.
- Кога пред турнејата во 1990-та им порача на фановите да гласаат која песна најмногу сакаат да ја слушнат, The Laughing Gnome беше најбараната. Не ја отпеа.
ЅВЕЗДА
- Првиот негов британски хит Space Oddity, Би Би Си го користеше како музичка илустрација на слетувањето на Месечината.
- Измислениот Мејџор Том се појавува во три песни - Space Oddity (1969), Ashes To Ashes (1980) и Hallo Spaceboy (1996).
- Првиот американски хит му е Fame во 1975-та. Напишана е заедно со Џон Ленон кој може да се слушне во пратечките вокали.
- На аудиција за гитарист во бендот на Боуви во 75-та се пријавува основачот на Chic, Нил Роџерс. Не ја добива работата.
- Истиот подоцна му е продуцент на еден од најуспешните албуми Let's Dance.
НАСТАПИ
- Во 2004-та, на концерт во Норвешка, повторно е погоден во око, од фрлено лижавче.
- Во 1970-та за кратко го формира бендот The Hype, во кој сите беа облечени како супер - херои. Исвиркани од публиката.
- Почнува со филмови во 1976-та, со The Man Who Fell to Earth.
ЛИЧЕН ЖИВОТ
- Висок е 178 сантиметри.
- Два пати одбива почесни титули за витештво од Кралицата.
- Се жени со сомалискиот супер модел Иман во 1992-ра година со која 8 години подоцна ја добиваат ќерката Александрија Зара Џонс.
- Неговиот брат Тери, кој боледувал од шизофренија, се самоубива во 1985-та година. Нему му се посветени песните Aladdin Sane, All The Madmen, The Bewlay Brothers и Jump They Say.
- Во 2004-та година, итно е опериран заради блокирана срцева артерија.
- Живее во Лондон и Њујорк.
МУЗИЧАР
- Боуви е копродуцент на легендарниот албум на Лу Рид, Transformer.
- Хитот Ziggy Stardust е посветен на Винс Тејлор, кој ја напиша Brand New Cadillac, подоцна преработена од The Clash.
- Песната Move On, од албумот Lodger, е наназад напишана All The Young Dudes.
- Бил член на 10 бенда - The Konrads, The Hooker Brothers, The King Bees, The Manish Boys, The Lower Third, The Buzz, The Riot Squad, The Hype, Tin Machine и Tao Jones Index.
- Во 1993-та прави саундтрак за драматизацијата на "Буда од предградието" на Ханиф Курејши.
- Ги свири речиси сите инструменти на албумот Diamond Dogs, вклучувајќи го и фамозниот риф на Rebel Rebel.
РАЗНО
- Боуви е последниот гостин во емисијата на Марк Болан на ITV. Лидерот на Т Рекс бргу потоа гине во сообраќајка.
- Arcade Fire и TV On The Radio се двата негови омилени бендови од последниве 10 години.
- Десет години пред The Cocteau Twins да направат концепт од тоа, Боуви пееше на тотално измислен јазик во Subterraneans.
- Неговиот лик го има на буквално секој омот на албум (освен на музиката за Буда).
- Името му се спомнува во Trans Europe Express на Крафтверк ("Meet Iggy Pop and David Bowie - TRANS EUROPE EXPRESS!") и во Backside од Строубс ("The boy stood on the burning deck, his back against the mast. He did not dare to turn around till David Bowie passed").
- Во 1996-та повторно прави нов чекор, издавајќи ја песната Telling Lies само за интернет. На дајал ап се симнува за 11 минути. Подоцна истата година отвора свој интернет провајдер Боувинет.
- Во слободно време црта, слика, прави скулптури и пишува. Ги сака Tintoretto, John Bellany, Erich Heckel, Picasso и Michael Ray Charles.