Правилото по кое британскиот фудбал го завзема приматот на ТВ преноси е воведено во 1960-та година и оттогаш наваму постои термин во кој правото на пренос му следува исклучиво на англискиот фудбал.
Истото на Ел Класико му се случи и лани, кога гледачите во Британија се вклучија точно на време за да го видат голот на Нејмар во 16-та минута, со кој се отвори резултатот. Најголемиот дуел во шпанскиот фудбал ќе се одигра на 25-ти октомври во Мадрид, со почеток во 18:00 часот по локално време, односно 17 по лондонско, што значи дека Британците ќе треба да почекаат 15 минути додека Скај Спорт се вклучи во преносот.
Натпреварот треба да го одбележи и враќањето на Луис Суарез, по суспензијата од Мундијалот. Од фудбалерите кои лани го играа Ел Класико нема да бидат присутни Виктор Валдес, Анхел Ди Марија и Диего Лопез. Во моментов, по 7 одиграни кола во Примера, Барселона е прва со 19 бодови, а Реал Мадрид е четврт со 15 поени.
Викендов, Реал Мадрид му гостува на Леванте во сабота (16:00), а Барселона од 20:00 го пречекува новиот прволигаш Еибар.