Челси ја освои Премиер лигата, а Тотенхем како втор не значи дека е и втор по најголема заработувачка во изминатава сезона во Премиер лигата. Иста сума на пари ќе заработи и Ливерпул, додека Манчестер Сити ќе изброи малку повеќе од Тотенхем.
Во Премиер лигата се вртат толку многу пари што и екипата да се вика Барнли, Хал или Сандерленд не и бегаат 100 милиони евра.
Како оди тоа си парите?
Паричните награди како што е познато се делат според завршената позиција на табелата, но тоа е не е најголемиот приход за еден тим. Челси за лидерската позиција е побогат за 38 милиони фунти, а на Сандерленд како последен му следуваат 1,9 милиони фунти.
Вториот фонд од каде клубовите црпат пари се нормалниодоговорите за ТВ права од каде има две суми. Првата варира кај секој клуб, а втората е фиксна за секој и изнесува точно 84,4 милиони фунти, а ја исплаќаат Скај Спорт и БТ Спорт.
Пример Челси за сезоната 2016/2017 ќе заработи вкупно 152,8 милиони фунти односно 38 милиони за првата позиција на табела + 30,4 од тв права + 84,4 онаа втората сума која му следува на секој.