УЕФА заработи околу милијарда евра од продажба на ТВ правата за ЕУРО 2012, а ФИФА ќари двојно повеќе од ТВ правата за Светското првенство во 2010, но тие суми очигледно не им биле доволни, па сакаа да заработат уште повеќе.
Судот за правда на Европската унија уште во 2011-та година донесе решение со кое земјите можат да ги вбројат Европското и Светското првенство во листата на „заштитени" настани кои се од национален интерес и треба се пренесуваат на бесплатни ТВ станици, а сега и ги одби жалбите на ФИФА и УЕФА за ова прашање.
Според правните експери, секоја држава има право да одлучи кои настани се од национален интерес и треба да им го обезбеди правото на гледачите да можат да ги следат овие настани на телевизија и тоа бесплатно.
ФИФА и УЕФА се обидоа да го оспорат тоа, со објаснување дека не се сите натпревари на едно првенство од национален интерес за секоја земја и дека не можат да ги продадат ТВ правата по вистинска цена, но оваа нивна жалба не пројде во ЕУ.