Пред да почне ова да се случува, Англичаните предупредија дека твитањето материјали со авторски права е забрането и нелегално.
Директорот на комуникации на Премиер лигата, Ден Џонсон, објаснува дека ги разбира фановите, ама тоа сепак е прекршување на авторските права и не им препорачува да го прават тоа. Тој изјавил и дека моментално работат на алгоритми кои ќе ги пребаруваат гиф генераторите, Вајн и Твитер, за вакви видеа.
"Звучи како да сме уништувачи на забави, ама ние мораме да ја заштитиме нашата интелектуална сопственост," изјавил Џонсон.
Под интелектуална сопственост, тој подразбира телевизиски права за пренесување на следните 3 сезони од Премиер лигата, кои Скај Спортс и БТ Спорт ги платија вкупно 3 милијарди фунти.
Он-лајн правата ги купија The Sun и The Times. Месечната претплата за Sun+ е 8 фунти и во неа се вклучени снимки од сите голови од Премиер лигата. Нивна цел е да ги аплоудираат видеата во рок од 2 минути откако топката ќе влезе во мрежата.
Моментално некои од најактивните профили на Вајн имаат стотици најважни голови од најголемите првенства и тие најчесто се објавени во исто време кога телевизиите веќе ја пуштаат повторената снимка. Секако, објавувањето на вакви содржини не е дозволено според официјалните правила на Твитер.